Македонија

Пренџов: Реформите продолжуваат со или без Венко и СДСМ

Сите законски измени во поглед на исполнувањето на реформската агенда ќе бидат донесени во рамките на Собранието, со или без поддршка на СДСМ

Интегрален текст од прес-конференцијата на пратеникот Љупчо Пренџов

Денешната прес-конференција ја свикуваме во врска со случувањата со последните закони од реформската агенда, односно со лицемерието кое СДСМ и Венко Филипче се обидуваат да го протнат и во Собранието и на македонската политичка сцена. Како медиуми и јавност сте сведоци дека сите поважни законски решенија, а пред сè сите решенија од реформската агенда, се носат во една транспарентна, јавна и отчетна процедура – како никогаш досега.

Сите закони беа во редовна постапка, со испочитувани рокови, со консултирани експерти, со организирани јавни расправи и слично, каде што беа поканети сите оние кои беа предложени од опозицијата, како и невладиниот сектор и меѓународните организации, Европската комисија итн.

Опозицијата активно учествуваше во подготовката, обликувањето и допрецизирањето на овие законски решенија. За секој од законите беа прифатени двоцифрен број амандмани и на тоа сме горди, затоа што секој добар предлог треба да биде вграден во законското решение, независно дали доаѓа од експертската фела, граѓанскиот сектор или од опозицијата.

Почитувани граѓани, согласно Деловникот на Собранието, за донесување на Законот за Советот на јавни обвинители се потребни 41 пратеник. Јасно е дека, согласно бројките во Собранието, тоа законско решение секако ќе беше донесено. Но, загрижува фактот што Венко Филипче и СДСМ вчера гласаа против ова законско решение и јасно испратија порака дека се против реформската агенда, интеграциите во Европската Унија и подобар правосуден систем. Истовремено, пред некој ден соопштија дека се повлекуваат од уште еден реформски закон – Изборниот законик, и јасно и недвосмислено ни соопштија дека се против Законот за јавното обвинителство, кој е во собраниска процедура.

Ова е лицемерие. Ова е вистинскиот СДСМ – политичка партија која де јуре зборува за Европа, а де факто никогаш не направила доволно за да бидеме чекор поблиску до Брисел. Затоа јавно прашувам: во чиј интерес е ова блокирање на сите реформски закони? Знам само дека не е во интерес на граѓаните и на Македонија.

Почитувани, сите законски измени во поглед на исполнувањето на реформската агенда ќе бидат донесени во рамките на Собранието, со или без поддршка на СДСМ. Македонија ќе оди напред, независно од политиканството и лицемерието.

Исто така, и во следниот период, како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, како и како Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, ќе продолжиме активно да соработуваме со сите политички чинители, невладини организации и експерти со цел да креираме подобри закони. Ќе продолжиме да организираме јавни расправи, да работиме транспарентно и отчетно и да го прифаќаме секој предлог што значи подобро законско решение. Ние, како политичка номенклатура, ќе продолжиме да се однесуваме исклучиво согласно интересите на граѓаните и на државата.

Најнови вести од: Македонија

УЈП: За шест месеци граѓаните „оставиле“ 1,6 милијарди евра во казина, обложувалници и на слот-машини

 Иако веќе почнаа да се применуваат роковите за дислоцирање на казината, салите со слот-апарати и обложувалниците, трошењето пари на „игри на среќа“ не покажува опаѓање

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

To top