Бизнис

Доновска-Гечева: Народна банка активно развива модерен и сигурен платен систем

Законот за платежни услуги и платни системи овозможи влез и на нови даватели на платежни услуги и придонесе за поголема конкуренција и иновации на пазарот. Исто така, посочи дека со намалувањето на провизиите за користење на дигиталните канали за плаќање од страна на банките, како одговор на активностите на Народната банка за ревидирање на надоместоците, уште повеќе се поттикнува користењето на електронските услуги од страна на граѓаните во 2025 година.

„Дигитализацијата на плаќањата бележи постојан напредок во изминатиот период, поддржан од активната улога на Народната банка во унапредувањето на платежната инфраструктура, како и од инвестициите на банките во современи технолошки решенија“, ова го истакна директорката на Дирекцијата за платни системи Биљана Доновска-Гечева, во интервју за емисијата „Бизнис објектив“.

Таа нагласува дека Законот за платежни услуги и платни системи овозможи влез и на нови даватели на платежни услуги и придонесе за поголема конкуренција и иновации на пазарот. Исто така, посочи дека со намалувањето на провизиите за користење на дигиталните канали за плаќање од страна на банките, како одговор на активностите на Народната банка за ревидирање на надоместоците, уште повеќе се поттикнува користењето на електронските услуги од страна на граѓаните во 2025 година.

  • „Безбедноста на плаќањата е системски приоритет на Народната банка и таа не само што ја следи примената на регулативната рамка, туку и постојано се усогласува со европските стандарди за безбедност при плаќањата“, истакна Доновска-Гечева.

Доновска-Гечева ја нагласи проактивната улога на Народната банка во модернизацијата на платниот систем, како дел од идните активности, вклучително и учеството во регионалната иницијатива на земјите од Западен Балкан за воведување инстант плаќања засновани на ТИПС, современото европско решение за инстант плаќања коишто се извршуваат 24 часа секој ден во годината, како и поддршката за развивање целосно дигитални услуги од страна на новите даватели на платежни услуги.

Со овие активности, Народната банка и натаму придонесува кон развивање модерен, ефикасен и сигурен платен систем, ориентиран кон потребите на граѓаните и економијата.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Позитивни економски сигнали од Светска банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот

За Македонија, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките кои треба да продолжат во наредниот период – рече Митева.

Македонија произвела дури 97% од потребите за струја, но домаќинствата потрошиле 23% повеќе од лани

Во август домашното производство покрило 97,2 проценти од потрошувачката на електрична енергија. Производството од хидроцентралите е повеќе од двојно зголемено во споредба со истиот месец лани, а потрошувачката на природен гас е намалена за 13 проценти.

Монтеко започнува нова традиција со признанието „Вински витез“

Пет добитници ќе бидат одликувани за својот особен придонес, а секое признание ќе ја симболизира благодарноста на винаријата за нивната соработка и поддршка. Имињата на добитниците ќе бидат запишани во Витешката книга на „Монтеко“, со што нивните заслуги ќе останат траен дел од историјата што ја создава винаријата.

АЛКАЛОИД“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина

To top