Македонија

Преполна сала за предавањето на светски позната научничка, скопјанката Светлана Мојсов во МАНУ

Нејзините истражувања придонесоа за современ третман на дијабетесот и дебелината

Салата во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска на пладне беше претесна да ги прими сите гости, академици, доктори, хемичари, студенти, кои сакаа да присустуваат на предвањето на светски познатата и реномирана научничка, Македонката Светлана Мојсов, хемичарка родена во Скопје, чие истражување на хормонот GLP-1 го отвори патот кон револуционерните терапии за дијабетес и дебелина, како создавање на лекот „оземпик“.

Цела сала стана и ѝ аплаудираше на Мојсов кога го заврши предавањето, а потоа долга беше редицата на сите што сакаа лично да се поздрават и да ѝ честитаат на успехот. Мојсов, пред преполната сала се заблагодари за можноста да одржи предавање во МАНУ, додавајќи дека за неа тоа претставува огромна чест.

Бидејќи 50 години работам во САД, предавњето ќе биде на англиски јазик, рече Мојсов.

Потенцијална Нобелова лауреатка доби орден од претседателката Сиљановска-Давкова

Темата на предавањето беше „„GLP-1: Хемијата е од суштинско значење: Од потенцијален пептид до ефикасни лекови за дијабетес и дебелина“,

Предвањето беше по повод пристапувањето за член на МАНУ надвор од работниот состав. Таа беше избрана на Изборното собрание на Академијата на 7 ноември 2025 година. Решението денеска ѝ го врачи претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, кој ѝ посака добрдојде во редовите на највисоката научна институција во државата.

Се надевам дека нема да помине долго време пред повторно да бидете гостинка во Македонија, рече академик Попов.

Академик Димитар Ефремов во пригодниот говор рече дека вваа награда е уште едно признание за нејзиниот животен и професионален пат, како и за научните достигнувања со кои таа остави длабока и трајна трага во современата биомедицинска наука.

Професор Мојсов е една од најистакнатите и најпризнаените биохемичари на нашето време. Нејзината научна работа претставува редок пример за тоа како темелните истражувања водени од научна љубопитност, прецизност и истрајност може да доведат до откритија со исклучително значење за медицината и за човечкото здравје. Со своите истражувања на пептидните хормони, таа ги постави научните основи за развој на една нова класа лекови, благодарение на кои денес се подобрува здравјето, квалитетот и должината на животот на милиони луѓе во целиот свет. Нејзиното присуство меѓу нас денес има особено значење. Таа е родена во Скопје, каде што го поминува детството и го започнува своето образование. На рана возраст се преселува во Белград поради професионалните обврски на нејзиниот татко, Лазар Мојсов, министер за надворешни работи и еден од најистакнатите македонски политичари во поранешна Југославија. Во 1971 година дипломира на Факултетот за физичка хемија во Белград, а следната година заминува во Соединетите Американски Држави, кажа академик Ефремов во говорот.

За нејзиниот извонреден и фундаментален придонес во светската наука и афирмацијата на државата во меѓународните интелектуални кругови, на свечена церемонија во саботата претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова ја одликуваше истражувачката Мојсов со Орден „8 Септември“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top