Македонија Бизнис

Пресврт во енергетиката: Македонија станува извозник на струја, најави премиерот

По седум години застој, конечно започна реализацијата на гасниот интерконектор со Грција – проект кој ќе ја трансформира енергетската карта на Македонија, објави Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска на собраниската седница за пратенички прашања. – Конечно, по седум години политички игри и одложувања, започнавме со работа на гасниот интерконектор со Грција. Првпат, Македонија станува […]

По седум години застој, конечно започна реализацијата на гасниот интерконектор со Грција – проект кој ќе ја трансформира енергетската карта на Македонија, објави Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска на собраниската седница за пратенички прашања.

– Конечно, по седум години политички игри и одложувања, започнавме со работа на гасниот интерконектор со Грција. Првпат, Македонија станува земја низ која ќе транзитира гас, сериозен чекор напред кон енергетска независност – изјави премиерот.

Мицкоски обвини дека претходната влада, иако имала завршен проект, договори и финансирање, не направила ништо освен што спровела тендер „со основ за корупција“, поради што заемодавателите се повлекле. Новата Влада, рече тој, ја коригирала тендерската документација, избрала изведувачи и добила зелено светло од странските партнери.

– Фирмата од пред еден месец е воведена во работа, теренските активности се завршуваат и околу 10 јули официјално ќе ја информираме јавноста дека се гради втор интерконектор. Овој е двонасочен, за разлика од постоечкиот со Бугарија, а ќе бидеме поврзани и со Србија и Косово – појасни Мицкоски.

Премиерот најави дека до крајот на 2026 или почетокот на 2027 година, интерконекторот ќе биде функционален и поврзан со националниот гасовод. Со капацитет од 3 милијарди кубни метри, и дополнителни 1,5 милијарди од исток, Македонија ќе транзитира четири пати повеќе гас отколку што троши.

– Ова е архитектурата на иднината, инвестираме во нови гасни централи и обезбедуваме сигурност и за стопанството и за граѓаните – порача премиерот.

Дополнително, Мицкоски најави и изградба на ветерен парк во Штип, Карбинци и Радовиш, кој ќе произведува 1 терават час годишно – еквивалент на 20% од вкупното производство на ЕСМ.

– Првпат очекуваме да завршиме година со енергетска рамнотежа, да произведеме колку што трошиме. Следниот чекор? Извоз на електрична енергија. Историски пресврт! – нагласи тој.

Мицкоски потенцираше и дека во соработка со Косово, Македонија обезбедила еден милион тони јаглен кој ќе се плаќа со електрична енергија, за разлика од порано кога, како што рече, се правеле сомнителни тендери и плаќања во кеш.

– Сега е поинаку, транспарентно, ефикасно, домаќински. И се поставува прашањето: зошто тогаш се плаќало поскапо и каде одела разликата? – праша премиерот.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

To top