Македонија

„Признајте еднаш дека сме Македонци“ – Леринчани знаат кои се и што се (ВИДЕО)

Видеото на денот со песната и орото на Македонците од Егејска Македонија кажува повеќе од илјада зборови

Песната и орото од забава во Лерин(ско) недвосмислено ги идентификуваат присутните како Македонци во видеото на денот.

„Душа за ништо не се продава,

крвта со вода не се менува,

Господ ни дарил долги корени,

признајте еднаш: сме Македонци,

признајте еднаш; сме Македонци“, се слуша од разгласот за групата што ги забавува Македонките и Македонците од Егејско додека се вие орото со недоброени учесници.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top