Македонија

Признание за Јавното обвинителство за соработката со Царинската управа

Признанието му го врачи директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, во знак на долгогодишната и успешна соработка меѓу двете институции

Јавниот обвинител на Македонија, Ненад Савески, денеска прими плакета со повелба од Царинската управа, по повод свеченото одбележување на 34 години од нејзиното основање. Признанието му го врачи директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, во знак на долгогодишната и успешна соработка меѓу двете институции.

Од Јавното обвинителство информираат дека блиската соработка со Јавното обвинителство во истражувањето и кривичното гонење на организираниот криминал и нелегалните царински активности се рефлектира и преку континуираниот пораст на бројот на кривични пријави што Управата ги поднесува, по кои обвинителствата активно постапуваат.

Покрај Јавното обвинителство, Царинската управа додели плакети за благодарност и на амбасадите на Соединетите Американски Држави, Европската Унија, Велика Британија и ОБСЕ, како и на Јавното претпријатие за државни патишта и на ТАВ Македонија, за нивната поддршка и соработка.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top