Бизнис

Македонија втор трговски партнер на Косово, зад Албанија

Речиси 30 милиони евра е косовскиот извоз во Македонија до ноември од вкупниот извоз од 110 милиони

Македонија е втората по големина дестинација за извозот на Косово по Албанија покажуваат податоците на Царинската управа во Приштина за периодот од јануари до ноември 2025 година.

Во првите 11 месеци од минатата година извозот на Косово во Македонија достигнал 29.299.750 евра од вкупниот извоз на земјата од 110 милиони евра, од кој поголем е само тој во Албанија од 38.135.646 евра, а трета е Турција со 9.773.293 евра.

Следуваат Италија со 6.475.230 евра, Бугарија со 5.647.172, Србија со 5.596.684, Црна Гора со 4.620.140, Германија со 4.602.711, Швајцарија со 4.270.647, а топ-10 го заокружува Шведска со 2.063.812 евра.

Најизвезени производи од Косово по количина се безалкохолните пијалоци со 59.454.548 евра, природна негазирана минерална вода со 18.494.324, флашираното пиво со 7.827.529 итн.

Според Косовската агенција за статистика, извозот го покрива увозот за 15,7 отсто. Вредноста на извозот на стоки во ноември 2025 година изнесуваше 87,7 милиони евра, а увозот достигна 557,6 милиони евра.

Во споредба со претходната година, извозот се намали за 9,5 отсто, а увозот се намали за 1,6 отто.

 

Најнови вести од: Бизнис

Поскапите горива ја кочат европската економија, компаниите најавуваат нови поскапувања

Поскапувањето на енергенсите дополнително ја усложнува состојбата. Цената на нафтата „брент“ денеска достигна 114,10 долари за барел, највисоко ниво во последните пет месеци.

Западен Балкан треба да се гледа како единствен пазар, а не како шест одделни економии, вели Азески

Поголемата регионална поврзаност, според Азески, може да им овозможи на компаниите полесен пристап до поширок пазар, нови деловни партнерства и подобри услови за раст и извоз. Притоа, регионалната интеграција и постепеното приближување кон европскиот пазар треба да се третираат како поврзани процеси.

Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност, вели Николоски

Стратешка политика на Владата е развој на овие два коридори, се обрати заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на панел дискусијата на тема “Стратешка сигурност и стабилност – ЕУ и Македонија во новата геополитичка реалност”, во организација на Фондацијата Конрад Аденауер.

Годишен раст од 9,2% на вкупните депозити и од 14,1% на вкупната кредитна поддршка во спетември

Според податоците на Народната банка, вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,2%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор.

To top