Македонија

Просечната оценка од полагањето матура е 3,66, – подобри оценки по јазици и математика

По објавувањето на резултатите биле поднесени 805 приговори, што претставува 2,86 проценти од вкупниот број матуранти што полагале. Учениците на кои им бил поништен тестот, заедно со оние што отсуствувале во јуни, ќе може да полагаат во августовската испитна сесија.

Просечната оценка од полагањето матура во јунската испитна сесија изнесува 3,66, пресметано за сите три типа матура: државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура, кои првпат беа воведени оваа година. Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и директорката на Државниот испитен центар, Даниела Јовчевска-Михајловска, на прес-конференција ги соопштија конечните резултати, по поднесените и разгледани приговори. Повеќе од 14.500 ученици кои завршија средно образование во учебната 2025/2026 година беа пријавени за полагање на екстерните испити во јунската сесија. Учениците полагаа задолжителен испит по мајчин јазик и уште еден изборен предмет. Тестирањето се одржа на 6, 11 и 12 јуни.

Просечната оценка за државна матура е 3,62, за државна стручна матура е 3,91, а за државна уметничка матура е 3,59. Јаневска и Јовчевска-Михајловска изразија задоволство од резултатите и посочија дека е задржан континуитетот од минатата година, кога просечната оценка беше 3,69. Во 2024 година, просекот изнесуваше 3,26.

Министерката нагласи дека годинава првпат се полагало според нова концепција, која предвидува три типа матура. Според неа, на тој начин учениците биле тестирани според материјалот што реално го изучувале во текот на четиригодишното средно образование.

  • „Задоволна сум што две години по ред се одржува речиси идентичен просек, за разлика од 2024 година, кога изнесуваше 3,26“, рече Јаневска, честитајќи им на учениците што ја положиле матурата и стекнале услов за запишување на факултет или за директен влез на пазарот на труд.

Од вкупно 14.587 ученици пријавени за полагање матура, 12.184 биле пријавени за државна матура, 2.276 за државна стручна матура, а 127 за државна уметничка матура. Забележан е подобар успех по мајчините јазици во сите три типа матура, како и по математика и по другите странски јазици, меѓу кои германски, француски, италијански и руски. Кај овие предмети просекот е над 4,00.

Јаневска посочи дека годинава немало масовно препишување како пред две години. Сепак, на 226 ученици им бил поништен тестот и тие ќе треба повторно да полагаат во август. Дел од учениците биле фатени како препишуваат за време на испитот, а кај дел било утврдено дека препишувале по прегледувањето на тестовите. Директорката на Државниот испитен центар рече дека од полагањето биле отстранети ученици кои препишувале или користеле електронски уреди. Поништени биле и тестови кај кои при оценувањето, особено кај есеите, биле забележани идентични текстови.

По објавувањето на резултатите биле поднесени 805 приговори, што претставува 2,86 проценти од вкупниот број матуранти што полагале. Учениците на кои им бил поништен тестот, заедно со оние што отсуствувале во јуни, ќе може да полагаат во августовската испитна сесија.

 

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top