Македонија

Проштална средба Гаши – Агелер

Агелер својата дипломатска мисија во земјава ја почна во ноември 2022 година

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе оствари проштална средба со амбасадорката на САД во Македонија Анџела Агелер.

Агелер својата дипломатска мисија во земјава ја почна во ноември 2022 година. Таа во декември се најде во фокусот на јавноста не поради протоколарен крај на мандат, туку поради политичка одлука од Вашингтон.

Американската амбасада тогаш потврди дека таа е меѓу дипломатите што ќе бидат повлечени, во пакет што медиумите го поврзаа со одлука на администрацијата на Доналд Трамп да отповика речиси 30 амбасадори, најголем дел кариерни дипломати, именувани од претходната администрација.

Агелер е дипломат од кариера која не беше првпат во Македонија. Таа претходно беше службеник за односи со јавноста во Американската амбасада во Скопје и тоа од 2011 до 2014 година. Потоа работела и како аташе за култура и печат на Амбасадата во Ханој, Виетнам, портпарол на Бирото за конзуларни прашања при Стејт департментот, конзул и врска со американската заедница во Амбасадата на САД во Париз,Франција и вицеконзул и заменик аташе за печат во Њу Делхи, Индија.

Пред да се приклучи на Службата за надворешни работи во 1998 година, Агелер работеше за Стејт департментот во амбасадите на САД во Уагадугу, Буркина Фасо и Будимпешта, Унгарија, како и во Генералниот конзулат во Мадрас, Индија.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

To top