Македонија Бизнис

Раст на извозот- ова е одлична вест за економијата вели Мицкоски

Македонскиот извоз во мај порасна за огромни 23,44% во евра, во услови на стагнација на европскиот пазар, а посебно предизвиците со кои се соочува автомобилската индустрија, соопшти премиерот Мицкоски. Според официјална статистика се бележи и раст на македонскиот извоз во првите пет месеци од 2025 година. Во периодот Јануари-Мај, македонскиот извоз пораснал за 3,15% во […]

Македонскиот извоз во мај порасна за огромни 23,44% во евра, во услови на стагнација на европскиот пазар, а посебно предизвиците со кои се соочува автомобилската индустрија, соопшти премиерот Мицкоски. Според официјална статистика се бележи и раст на македонскиот извоз во првите пет месеци од 2025 година. Во периодот Јануари-Мај, македонскиот извоз пораснал за 3,15% во евра, споредено со увозот за истиот период кој порасна за 1%.

-Поголем извоз, повеќе пари за македонските граѓани. После месеци и години пад, конечно раст за македонската економија. Расте туризмот, расте БДП, расте индустриското производство, растат инвестициите, расте извозот…, богата Македонија е силна Македонија! Оваа година ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија, порача Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

To top