Македонија

Разговор на тераса: Кога сосетката се жали на сметките за струја, а ти го имаш совршеното решение

Утринското кафе на тераса со мојата сосетка Елена обично почнува со муабети за децата или за тоа што ќе се готви за ручек

Утринското кафе на тераса со мојата сосетка Елена обично почнува со муабети за децата или за тоа што ќе се готви за ручек. Но, вчера темата беше сосема друга – домашниот буџет и постојаниот замор од домашните обврски.

„Марија, веќе не знам што да правам со сметките за струја,“ ми се пожали таа додека ја пиеше првата голтка од кафето. „Кујната ми е постаричко моделче, рерната пече со часови, а машината за садови врти цела ноќ и ми се чини дека броилото полудува, а мене скоро цела плата ми оди за струја. А најмногу се плашам ако нешто ми се расипе — мајсторите денес се поскапи и од нови апарати!“

Само се насмевнав, го зедов телефонот во рака и решив малку да ѝ ги отворам очите, но и да се пофалам со мојата нова кујна.

„Елена, кај мене рерната сама си мисли за сметката за струја!“ – ѝ го покажав екранот од телефонот и ја отворив апликацијата SmartThings.

„Види го ова,“ ѝ велам. “Кај нас сите вградни апарати се од Samsung и сите се поврзани тука. Влегувам во SmartThings Energy, го вклучувам AI Energy Mode и апликацијата сама ја оптимизира работата на сите уреди. Вградниот Samsung Bespoke фрижидер ги прилагодува циклусите на компресорот според тоа колку често ја отвораме вратата и троши до 15% помалку струја, а благодарение на SpaceMax™ технологијата имам многу повеќе простор внатре без да зафаќа повеќе место во кујната.“

Елена ме гледаше со неверување. „Чекај, сакаш да ми кажеш дека преку телефон гледаш колку струја троши рерната додека печеш пиле?“

„Не само тоа,“ ѝ вратив со насмевка. „Рерната го има Dual Cook Flex системот. Можам да печам месо горе, а десерт долу на сосема различна температура, без да се мешаат мирисите. Не греам цела рерна за еден мал ручек, што е огромна заштеда! А машината за садови со WaterJet Clean миење под висок притисок ги чисти и најзапечените тави без предмиење, а апликацијата сама ми кажува кога и како е најефикасно да ја пуштам. Јас буквално не размислувам, апаратите сами си ја вршат математиката.“

„А машината за перење? Сама си дозира детергент, се грижи за алиштата, а богами и за џебот!“

За да ја дополнам сликата за тоа колку сè ми е олеснето, ја потсетив и на перењето алишта. „А ако ти кажам за машината за перење, нема да ми веруваш,“ продолжив. „Со AI Wash функцијата, таа сама ја мери тежината на алиштата, ја препознава мекоста на ткаенината и сама дозира точно колку детергент и вода се потребни. Плус, со EcoBubble™ технологијата, детергентот се претвора во меурчиња кои брзо навлегуваат во ткаенината, па алиштата се перат совршено дури и во ладна вода. Тоа значи дополнителна драстична заштеда на струја секој месец.“

Главниот адут: „А за мајстори… јас сум мирна следните 5 години!“

Кога го спомена нејзиниот страв од расипување на апаратите, тука ја извадив мојата најсилна карта.

„Знаеш кој е мојот омилен дел?“ ја прашав. „Кога ги купивме сите вградени апарати за кујната, си добивме 5 години продолжена гаранција. Нема стресови, нема барање мајстори по огласи и нема непредвидени трошоци. Купуваш премиум технологија што изгледа модерно, ти заштедува пари секој месец и пет години сум раат.“

Елена замолкна на момент, си го допи кафето, го извади нејзиниот телефон и ми рече: „Праќај ми го веднаш линкот од ова што го зборуваш. Време е за реновирање.“

Заштеда, паметна технологија и долгорочна сигурност

Ако и вие како Елена сакате модерна кујна што нема да ви го оптовари месечниот буџет, вградените апарати на Samsung со SmartThings Energy поддршка и промотивната 5 години продолжена гаранција се вистинскиот чекор за секој паметен дом.

Погледнете ги сите модели на вградливи апарати на samsung.com.

Најнови вести од: Македонија

Бронзен медал за македонскиот тим на Јуниорската Балканска олимпијада по информатика во БиХ

Вкупниот биланс на македонските ученици на меѓународните олимпијади на кои учествуваше Здружението во текот на оваа година изнесува два сребрени, десет бронзени медали и четири олимписки пофалби – остварување со кое би биле задоволни и многу поголеми држави.

To top