Македонија

Речиси 150 милиони евра европски пари за „Коридорот 8“ (ВИДЕО)

Македонија да ја искористи својата уникатна позиција како раскрсница на двата коридора, 8 и 10, изјави министерот Николоски

 

Договорите се потпишаа во Владата, а присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, заменик шефот на Делегацијата на ЕУ Бен Нупнау, директорот на ЕБОР за Македонија Фатих Туркменоглу, директорот на ЕИБ во Македонија , Бјорн Габриел, како и директорот на Железници – Инфраструктура, Синиша Ивановски.

Со инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF) на Европската Унија, како и на договорите за финансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), почнува третата фаза од финансирањето на изградбата на железничката делница Крива Паланка-Деве Баир од Коридорот 8.

Преку Инвестициската рамка за Западен Балкан на ЕУ се обезбедени 149 милиони евра грант за изградба на третата делница од железничкиот коридор 8.

„ Денешното потпишување претставува продолжување на визијата што ја постави оваа Влада – Македонија да ја искористи својата уникатна позиција како раскрсница на двата коридора, 8 и 10, и на тој начин да го докаже своето место како срце на Балканот. Изградбата на Коридорот 8 е еден од врвните приоритети на Владата. Ова е исклучитлено значаен ден, зашто по скоро две години работа доаѓаме до реален и остварлив проект, што може да биде реализиран“ оцени министерот за транспорт и врски Александар Николоски.

Успеавме да постигнеме договор со Бугарија за изградба на прекуграничниот железнички тунел што треба да ги спои двете држави, додаде тој.

„Очекуваме на крајот од овој месец да се одржи вториот меѓувладин состанок во Скопје, а пораката е јасна – двете држави испраќаат заедничко писмо до ЕУ, ЕИБ и до ЕБОР за обезбедување грант за изградба на тунелот кој, убеден сум, ќе биде далеку поголем од оние грант средства за кои досега се зборуваше. Овој настан покажува како може да се реализираат проекти, да се решаваат проблеми од минатото,  да се стават работите на вистинските шини и да се движат“, потенцираше Николоски.

„ Денеска потпишуваме амандмани кон договорите за финансирање и амандман на договорот за грант за проектот „Изградба на нова железничка делница Крива Паланка-граница со Република Бугарија, како дел од железничкиот Коридор 8“, со кој се обезбедува финансиска конструкција што ќе овозможи целосна реализација на проектот, а кој не само што ќе обезбеди подобра поврзаност меѓу Јадранското Море и Црното Море, туку ќе придонесе и за поголема економска интеграција, полесно движење на луѓето и на стоките, како и за нови можности за развој на македонската економија и на целиот регион“.

Според министерката,  за реализација на стратешките проекти не е доволна само политичката определба, туку е неопходно да постои и илна и одржлива финансиска рамка.

„ Владата има јасна определба за реализација на стратешките инфраструктурни проекти. Во изминатите две години интензивно работиме на забрзување на динамиката на проектите што беа наследени со застој, како и на започнување нови инвестиции што придонесуваат за подобри услови за живот, унапредување на економијата и напредок на евроинтегративниот процес. Поддршката на капиталните проекти, покрај средствата обезбедени од меѓународните финансиски институции, се реализира и преку силна буџетска поддршка. Со Ребалансот на Буџетот за 2026 година обезбедивме дополнителни 5,8 милијарди денари за капитални расходи, односно 14,3% повеќе во однос на иницијално планираните средства. Тие се инвестиција во повисока конкурентност на македонската економија, во подобра регионална поврзаност, во нови можности за бизнисот и во повисок животен стандард за граѓаните“, Димитриеска-Кочоска

Остануваме посветени, нагласи таа, на реализацијата на овие цели, водејќи сметка истовремено да ја зачуваме стабилноста на јавните финансии.

„ Токму таквиот пристап преку одговорно управување со јавните финансии, обезбедување средства за капитални инвестиции и силно партнерство со меѓународните финансиски институции создава основа за одржлив економски раст, поголема конкурентност и побрза интеграција на нашата држава во европските транспортни и економски текови“,  рече Димитриеска-Кочоска.

Најнови вести од: Македонија

БулМак го одбележа Денот на рударите и десетгодишниот јубилеј

На свеченоста присуствуваа сопственикот Николај Вaлканов, раководството предводено од Георги Вaлканов, директорот Владимир Темелковски, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, раководителот на рудникот „Тораница“, Денис Ѓоргиевски, како и претставници на државните институции, локалната самоуправа, деловни партнери и соработници

Муцунски од Израел: Директна авиолинија, посилни економски врски и унапредување на соработката во туризмот

Сакаме да бидеме порта кон Европа не само за израелските туристи, туку и за израелските компании. Можеме да бидеме и влезна точка за израелските инвеститори кон европски пазар чиј потенцијал сè уште не е целосно искористен од израелската бизнис-заедница

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат по околу 370, а пензиите по 300 денари месечно

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека економските резултати најдобро се мерат преку конкретни бројки, а бројките јасно покажуваат дека со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ платите и пензиите растат значително побрзо

To top