Македонија

Реконструкција на седум хируршки сали во ГОБ „8 Септември“

Веќе се отпочнати градежни активности за реконструкција на хируршкиот дел со вкупна површина од 2.000 метри квадратни, со 7 операциони сали, боксови за интензивна нега, придружни простории

Министерот за здравство, Азир Алиу и директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Синиша Стојаноски на денешната работна средба ја реафирмираа заложбата за континуирано унапредување на третманот на пациентите и условите за работа на здравствениот персонал, соопшти Министерството за здравство.

При посетата, д-р Стојаноски го информираше министерот дека веќе се почнати градежни активности за реконструкција на хируршкиот дел и кровот на болницата.

– Денес на лице место, заедно со директорот направивме обиколка на болницата. Оваа установа претставува столб на секундарното здравство и е стратешки важна. Веќе се отпочнати градежни активности за реконструкција на хируршкиот дел со вкупна површина од 2.000 метри квадратни, со 7 операциони сали, боксови за интензивна нега, придружни простории, а со реконструкција е опфатена и кровната конструкција на оваа установа. Со ова значително ќе се подигне нивото на здравствени услуги кои ги обезбедуваме за нашите граѓани – посочи министерот Алиу.

Истовремено, болницата кадровски се зајакнува со 9 приватни специјализанти, за чие вработување течат законските процедури.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top