Македонија

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

4 пати повеќе казни во јули во споредба со февруари кога „Сејф сити“ почна да функционира

4 пати повеќе казни во јули во споредба со февруари кога „Сејф сити“ почна да функционира. Многу шофери брзале, прекорачиле 50 км на час, па изречени биле дури 86 илјади 278 казни. Ова е бројка за Скопје, Тетово и Куманово, коридорите 8 и 10 Д. Безбедносниот систем за минатиот месец регистрирал вкупно околу 88 илјади прекршоци, што е рекордна бројка откога почна неговата примена.

„1.000 прекршоци за „управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола“, а регистрирани се и 746 прекршоци за „минување на затворен сигнал-црвено светло““ велат од полицијата.

Етепно ќе биде ставањето во функција на системот и во останатите градови, а од МВР велат дека се работи на поставување камери и техничко опремување во сите сектори за внатрешни работи. Една недела како функционираат камерите во Општина Дебарца, на делницата помеѓу селата Горенци и Требеништа, а набрзо се очекува да стартуваат и во Охрид каде привршува техничката проверка и тестирања.

Најнови вести од: Македонија

Се шират лажни вести за сместувањето во студентските домови, сè е регуларно, рече Јаневска

Транспарентно се објавени ранг-листите за сместувањето во студентските домови и за тие што се примени и за тие кои не ги исполниле условите, тврди министерката Јаневска откако партијата „Левица“ обвини дека се кријат бодовите. Јаневска ги проверила овие информации и е децидна дека тие кои ги нема на списоците, не ги исполнувале условите.

Австриски компании добредојдени во новиот инвестициски циклус во македонската енергетика, вели Божиновска

Македонско-австрискиот бизнис-форум е организиран од Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение при Австриската амбасада – Advantage Austria, со цел продлабочување на билатералната економска соработка и поврзување на австриски компании со македонските институции и бизнис-секторот.

To top