Македонија

„Револуционерни спомени“ на Ахмети: Во 1981 бев уапсен во Кичево и во затвор 60 дена, ама во мај 1984 УДБ-а не ме фати, иако ме опколи!

„Али Ахмети изнесе јавно признание за неговите апсења во текот на годините 1981-1982, за активноста на албанските студенти и влијанието на убиствата на Јусуф Гервала, Кадри Зека и Бардош Гервала врз албанското движење од тоа време.“ – пренесе весникот на албански јазик „Лајм“ од Скопје.

Натаму весникот пишува: Во интервјуто за серијата „Досиеја“ на „Дебата Плус“, Ахмети рече дека во 1981 година бил уапсен во Кичево и држен 60 дена, додека следното апсење се случило во 1982 година. Тој посочи дека околу 150 студенти биле уапсени во тој период, но според него, само мал дел биле организирани.

Ахмети наведе дека во мај 1984 година неговата група била опколена од УДБ, но тој не бил пронајден во неговиот стан, а потоа се префрлил во илегала, за да избега од Југославија на 1 јули истата година.

Ахмети рече дека убиството на Јусуф Гервала, Кадри Зека и Бардош Гервала тоа било сериозен удар врз албанското движење, но дека целта за негово заплашување и ослабување не била постигната (прев.заб. – Јусуф Гервала, Кадри Зека и Бардош Гервала беа косовски политички активисти и челници на „Националното движење за ослободување на Косово“, убиени на 17.1.1982 година во Германија).

„Секое апсење, секое убиство имало контраефект и нè мобилизирало уште повеќе. Секој удар нè калеше. Секој удар нè правеше посилни. “, рече Ахмети, пренесе „Лајм“.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top