Македонија

Ристовски: За две години реализирани и започнати 60 спортски проекти вредни над 21 милион евра – спортот повторно е национален приоритет

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска на прес-конференција во Владата даде отчет за сработеното во изминатите две години од формирањето на Министерството за спорт, презентирајќи ги реализираните активности, капиталните инвестиции во спортската инфраструктура и проектите што ќе се реализираат во наредниот период. Toj истакна дека Министерството за спорт за само две години реализира и започна 60 спортски проекти, со вкупна вредност од повеќе од 21 милион евра, за разлика од претходната власт која за четири години реализираше само 33 спортски проекти и нагласи дека Владата повторно го поставува спортот меѓу националните приоритети.

„Денеска не сме тука да зборуваме за ветувања, денеска сме тука да дадеме отчет. Отчет за сработеното. Отчет што може да се види, да се измери и да се спореди. За само две години реализираме и започнуваме 60 спортски проекти со вкупна вредност од повеќе од 21 милион евра. Тоа не е политичка пропаганда, тоа е факт. Тоа е и најдобриот доказ за разликата помеѓу оние што зборуваа за спортот и оние што денес го градат спортот“ – истакна министерот Ристовски.

Тој посочи дека во изминатиот период се реконструирани и започнати повеќе капитални инфраструктурни проекти, меѓу кои спортската сала „Расадник“, атлетските патеки во Велес и во Гевгелуија, спортската сала во Радовиш, реконструкцијата на салата на УКИМ, како и изградбата на нови спортски сали во Општина Аеродром, во Крушево и во Воената академија во Скопје. Воедно, започната е изградбата на новите трибини на Градскиот стадион во Тетово, изградени и реконструирани се бројни игралишта, мултифункционални терени и спортски објекти, а во различни фази на реализација се и девет базени низ државата.

Министерот нагласи дека покрај инвестициите во инфраструктурата, Министерството воведе потранспарентен систем за распределба на средствата, со јасни критериуми и со цел државната поддршка за спортот да биде насочена кон спортистите, клубовите и федерациите. „Ова не се само бројки. Ова се објекти во кои ќе тренираат нашите деца. Ова се инвестиции што ќе останат за генерациите што доаѓаат. Некој четири години ја убедуваше јавноста дека нема пари за спортот. Ние покажавме дека проблемот никогаш не бил во парите, проблемот бил во приоритетите. Кога спортот не е приоритет, се градат само изговори. Кога спортот ќе стане државен приоритет, тогаш се градат сали, базени, атлетски патеки и игралишта. Инвестираме таму каде што претходно никој не инвестираше“ – рече Ристовски.

Во своето обраќање министерот се осврна и на активностите за зајакнување на законитоста и транспарентноста во спортот, потенцирајќи дека Министерството активно соработува со надлежните институции во расчистувањето на сите сомнежи за незаконско работење и корупција. Ристовски најави дека Министерството продолжува со нов циклус капитални инвестиции, изградба на нови спортски објекти и уште посилна поддршка за спортските федерации, клубовите и младите спортисти. „Продолжуваме со нови капитални инвестиции, нови спортски сали, нови терени, нови проекти и уште посилна поддршка за федерациите, клубовите и младите спортисти. Нашата цел е да изградиме систем што ќе создава шампиони и инфраструктура што ќе служи со децении“ – истакна Ристовски.

Министерот за спорт во во своето обраќање истакна и дека ниеден од овие резултати немаше да биде возможен без јасната визија и довербата од претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, проф.д-р Христијан Мицкоски. „Неговата определба спортот повторно да стане национален приоритет беше силен мотив и обврска за сите нас. Истовремено, сакам да им се заблагодарам и на моите колеги во Владата, на сите институции, на локалните самоуправи, националните федерации, клубовите и на секој кој е дел од оваа заедничка приказна. Големите резултати никогаш не се дело само на еден човек. Тие се резултат на тимска работа, взаемна доверба и заедничка визија“ – посочи министерот Борко Ристовски и нагласи дека целта е „да изградиме систем што ќе создава шампиони, да изградиме инфраструктура што ќе служи со децении и Министерство што ќе биде запаметено по тоа што работело, а не по тоа што ветувало“.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

Ѓула Челику: Длабока е болката кога Албанците од „РСМ“ се етикетираат како Македонци, не треба да ја забораваат Албанија без оглед каде живеат!

„Длабока е болката кога Албанците од С.Македонија се етикетираат како Македонци, како да е нашиот национален идентитет административен избор, или прашање, кое другите можат да го одлучат за нас. Но, болката станува уште поголема кога ова негирање е прифатено, поддржано или промовирано од оние, кои треба да го бранат албанството!“ – пишува Ѓула Челику во својата колумна со наслов „Да бидеш Албанка од С.Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ од Скопје. Ѓула Челику е доктор по политички науки, професорка во државниот универзитет во Тетово, основач и претседател на политичката партија Европско граѓанско движење во Република Македонија

To top