Македонија

„Роаминг како дома“ и трет оператор ќе влијааат врз намалувањето на цените за телефонските пакети

Наместо со повисоки цени, ќе зборуваме поевтино во странство

Нема да дозволиме здружување што ќе значи зголемување на цените на телефонските услуги и пакети за граѓаните, дециден е министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Тој во емисијата „За или против“ рече дека очекува намалување на цените, со оглед на тоа дека на македонскиот пазар влегува трет мобилен оператор.

„Очекувам намалување на цените особено за мобилни услуги за граѓаните, затоа што целиот свет ги намалува цените, а го крева квалитетот. ние имаме одлична мрежа, многу добар квалитет на телефонија и интернет, но очекувам намалување на цените во периодот кој што следи“ вели Андоновски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top