Македонија

Рудник САСА ја започна еко кампањата „Твојата грижа за планетата вреди х2“

Рудник САСА

По повод 18 март – Глобалниот ден на рециклирањето, Рудник САСА, во соработка со Друштвото за управување со отпад „Пакомак“ и Општина Македонска Каменица, ја започна општествено-одговорната еко кампања „Твојата грижа за планетата вреди х2“. Иницијативата е насочена кон поттикнување на рециклирањето и унапредување на еколошката свест кај вработените и локалната заедница. Кампањата ќе трае сѐ до 22 април – Денот на планетата Земја.

Во текот на овој период, за секое одложено пластично шише или лименка во некоја од трите повратни вендинг машини поставени во рудникот САСА и во Македонска Каменица, ќе се добиваат два „зелени поени“, односно двојно повеќе од досега. Собраните „зелени поени“ учесниците ќе можат да ги искористат за различни придобивки, меѓу кои за ваучери за попусти во маркети, донации и сл. Преку оваа иницијатива, Рудник САСА има за цел дополнително да ги мотивира своите вработени и жителите на Македонска Каменица активно да учествуваат во рециклирањето, да придонесат кон намалување на пластичниот отпад и да ја заштитат животната средина.

„Заштитата на животната средина е составен дел од нашите долгорочни заложби и нашата одговорност кон заедницата во која работиме. Со кампањата Твојата грижа за планетата вреди х2 се надеваме дека на едноставен и практичен начин ќе ги поттикнеме луѓето да се вклучат во рециклирањето и ќе покажеме дека секоја иницијатива може да има значајно позитивно влијание врз природата. Веруваме дека преку вакви заеднички активности можеме да изградиме уште посилна култура на одговорно однесување кон животната средина“, изјави Марија Стојановска, раководител на Службата за заштита на животната средина.

Во изминатите години, Рудник САСА континуирано реализира слични еко иницијативи, во партнерство со локалната заедница, училиштата и граѓанските организации, со цел унапредување на еколошката свест и поттикнување на активна грижа за природата. Кампањата „Твојата грижа за планетата вреди х2“ е дел од пошироките активности на компанијата насочени кон заштита на животната средина, одржлив развој и унапредување на квалитетот на живот во локалната заедница, што претставува важен сегмент од долгорочната стратегија за одржлив развој на Рудник САСА.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top