Македонија

Џејми Караматиќ е новиот генерален директор на Рудник САСА

Караматиќ (Jamie Karamatic) е искусен рударски инженер со повеќе од 20 години меѓународно работно искуство

Од 19 септември, Џејми Караматиќ официјално ја презедефункцијата генерален директор на рудникот за олово и цинк САСА од Македонска Каменица. Тој доаѓа на местото на Крис Колбурн, кој претходно оваа година беше унапреден во главен оперативен директор на групацијата Централ Азија Металс(CAML).

Џејми Караматиќ (Jamie Karamatic) е искусен рударски инженер со повеќе од 20 години меѓународно работно искуство во подземни и површински рударски операции. Тој поседува значајна техничка експертиза и силен оперативен фокус, стекнати во текот на работата и извршувањето високи раководни функции во повеќе рударски проекти низ светот. На пример, во компанија во Саудиска Арабија раководел со техничките функции на шест рудници и постигнал значително подобрување на оперативните перформанси. Како технички директор во компанија во Австралија предводел тим од над 30 инженери, геолози и геодети кои управувале со три подземни рудници за бакар, а ја извршувал и функцијата главен оперативен директор на компанија која управува со неколку подземни рудници и постројки за преработка на руда, исто така во Австралија.

Како генерален директор на Рудник САСА, Караматиќ ќе раководи и ќе биде одговорен за целокупното работење на САСА, обезбедувајќи ја на тој начин реализацијата на краткорочните и долгорочните стратешките цели кои се темелат на безбедно, ефикасно и одржливо производство. Меѓу другото, тој ќе биде одговорен и за надгледување на финалната реализација на капиталните  проекти и продолжувањето на транзицијата кон нови рударски методи, кои треба да обезбедат понатамошен развој и технолошки напредок на рудникот.

„Импресиониран сум од сè што досега го видов во САСА, почнувајќи од професионалноста, стручноста и посветеноста натимот, до постигнатите резултати во областа на безбедноста, условите за работа и благосостојбата на вработените, како и севкупниот технолошки напредок и односот кон животната средина. Имам исклучително позитивен прв впечаток. Сметам дека САСА е во одлична позиција да продолжи со идниот одржлив развој и верувам дека со заедничка работа со тимот на САСА и поддршката што ја добиваме од Централ Азија Металс, ќе продолжиме и понатаму да ја унапредуваме нашата целокупна работа, на начин кој создава вредност за сите – за вработените, инвеститорите, деловните партнери, локалната заедница и националната економија“, изјави Џејми Караматиќ, по неговото назначување на функцијата.

Караматиќ добро го познава регионот, со оглед на неговите семејни корени кои потекнуваат од Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина. Пoкрај успешната професионална кариера, тој е пасиониран велосипедист на долги патеки, риболовец и посветен татко на двајца синови.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top