Македонија

Руската амбасада на „македонските браќа“ им го честита „заедничкиот празник“

Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија се огласи на социјалните мрежи со честитка до „македонските браќа“ за „заедничкиот празник“ Ден на Светите Кирил и Методиј. „На нашите македонски браќа им упатуваме искрени честитки по повод нашиот заеднички празник – Денот на Светите рамноапостоли Кирил и Методиј, великите сесловенски просветители и проповедници на христијанството, творци […]

Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија се огласи на социјалните мрежи со честитка до „македонските браќа“ за „заедничкиот празник“ Ден на Светите Кирил и Методиј.

„На нашите македонски браќа им упатуваме искрени честитки по повод нашиот заеднички празник – Денот на Светите рамноапостоли Кирил и Методиј, великите сесловенски просветители и проповедници на христијанството, творци на словенската писменост. Со создавањето на азбуката, тие ги воспоставија темелите на словенската книжевност и оставија траен белег во духовниот и културниот развој на словенскиот свет.

‘Слушајте ваму, си словенски народи, слушајте Словото зашт’ од Бога ни дојде. Словото е храна за човечката душа …”

(Свети Кирил)

Споменикот на Свети Кирил и Методиј во градот Дмитров, Московска Област. Скулптор А. Рукавишников, архитект Р. Нарски“, стои во честитката на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Заев и Филипче да кажат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово?

Тој истакна дека 200 милиони евра ќе заработел Дака, благодарение на промената на детално урбанистичкиот план во Тетово кој СДС и ДУИ го носат ден по формирање на владата во 2020 година

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за 2,5, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

To top