Македонија

Рускова најави тужба, ќе се извини ли градоначалникот на Аеродром

Ќе тужи затоа што не може да поднесе да ја обвинуваат а веќе платила на општинските служби

Вознемирена од јавните напади скопјанката Елена Рускова најави тужба за клевета и јавна бламажа против градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

Реакцијата уследи откако градоначалникот Митески на својот Фејсбук профил јавно објави фотографии од неа покрај стар мебел оставен до контејнери, посочувајќи ја како пример за неодговорно однесување и создавање дива депонија.

Елена Рускова во коментар под објавата нагласи дека кабастиот отпад е легално пријавен и уредно платен во Општина Аеродром за подигање на 22 октомври 2026 година.

Во барањето за извинување таа изразува голем револт и бара од градоначалникот веднаш да ги провери информациите во општината и инспекциските служби.

Митески во својата првична објава наведе дека инспекциските служби веќе постапуваат по случајот и упати апел до граѓаните да пријавуваат незаконско фрлање отпад.

 

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Зборот е збор – започна целосната реконструкција на „Бутелска“ и „Радишанска“

Уште во првата година, ветувањата за Бутел ги претвораме во конкретни проекти на терен. Со работа, со посветеност и со одговорност кон секој даден збор. И тука не запираме

To top