Македонија

Салиху: Албански партии, намалете ги предизборните ветувања! Тетово веќе го направивте Дубаи, Чаир Копенхаген, а Струга Париз!

„Ветувањата на партиите во кампањата за локалните избори ги претворија градовите во футуристички места, каде што обичните граѓани се чувствуваат како да патувале на некоја друга планета!“ – иронизира авторот на колумната, новинарот Урим Салиху од Тетово.

„Вие, од Национална алијанса за интеграција и Вреди, имате ли малку милост? Дали има начин малку да ги намалите вашите ветувања? Го претворивте Тетово во Дубаи, Гостивар во Њујорк, Струга во Париз, а Чаир во Копенхаген. Излегувам и шетам во мојот град Тетово и веќе не го препознавам – улиците, плоштадите, тротоарите. Сè е трансформирано од вашите ветувања.“ – пишува новинарот од Тетово Урим Салиху во својата колумна, исполнета со иронична интонација, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

Натаму Салиху пишува: Изградивте паралелна реалност, каде што секој град, каде што живеат и Албанци, изгледа како светска метропола, каде што секој пат е автопат, секое соседство е како Менхетен и секој парк е како Централ парк. Вашите ветувања ги претворија нашите градови во футуристички места, каде што јас, обичниот граѓанин, се чувствувам како да сум патувал на друга планета.

Веќе не знам како да се однесувам во оваа „нова цивилизација“ . Не знам дали треба да се возам со електричен велосипед, да користам летачки скутер, или да го чекам метрото кое, според ветувањата, треба да помине под Тетово.

Најнови вести од: Македонија

Пожар се заканува на бензинска пумпа

Иако засега нема проценка за неконтролирано ширење на пожарот, близината на цистерните и бензинската пумпа ја прави ситуацијата особено чувствителна и бара внимателно следење и брза реакција на терен, предупреди синоќа директорот на ДЗС Стојанче Ангелов

35 години „Матица Македонска“

Поетот, книжевен критичар и антологичар Раде Силјан ја основа „Матица македонска“ во време на голем национален и општествен пресврт, со јасна определба книгата на македонски јазик да стигне до македонскиот читател и до секој македонски дом

Почнува судскиот процес против Артан Груби и уште седуммина

Обвинетите за злоупотреби во „Државна лотарија“, наместо за проневера во службата, сега се гонат за друго кривично дело, злоупотреба на службената положба и овластување, кое предвидува поблага казна. Второобвинетиот , Перпарим Бајрами, е се’ уште во бегство

To top