Македонија

Самит Македонија 2025: Глобалните знаења и иновации треба да се искористат за локални приоритети

Со развивање иновации базирани врз наука и нивна примена, глобалните компании може да еволуираат надвор од застарените структури и да изградат портфолија подготвени за иднината.

Со развивање иновации базирани врз наука и нивна примена, глобалните компании може да еволуираат надвор од застарените структури и да изградат портфолија подготвени за иднината. Овие глобални знаења треба да се искористат на локално ниво за да се откријат иновативни пристапи за поддршка на локалните приоритети во конкретните земји, истакна Тамара Миловановиќ, генерален директор за Југоисточна Европа во Филип Морис Интернејшнл (ФМИ), на престижниот регионален Самит организиран од Македонија 2025. Оваа година, Самитот се одржа со наслов „Надвор од 2025 година: Забрзување на растот и поттикнување на лидерството“.

Миловановиќ, која беше говорник на сесијата „Иновација преку границите – Ко-креирање на иднината“, во интервјуто со коосновачот на Македонија 2025, Џон Битов,    го објасни процесот на трансформација на „Филип Морис“, глобална компанија од листата Fortune 500, со силни процеси и стандарди, која до пред десетина години го црпеше својот успех од моќта на еден од најпознатите светски брендови „марлборо“, бренд со традиција од 100 години. Но, во 2016 година, ФМИ јавно објави стратешки пресврт во работењето и фокус кон иновативни производи без чад, особено на развивањето на револуционерниот иновативен уред IQOS кој само го загрева тутунот, а не го гори, со што елиминира до 95% од штетните состојки што се појавуваат при горењето на традиционалните цигари и создавањето чад. Оваа промена во стратегијата на Филип Морис подоцна стана студија на случај на Харвардската бизнис школа како една од најрадикалните корпоративни трансформации.

– Во тоа време, многумина ја оценија трансформацијата како маркетиншки потег. Но, зад него стоеја над 16 милијарди долари инвестиции, повеќе од 1.600 научници и фокус на раководството на компанијата за да го реши примарниот проблем со горењето на тутунот. Револуционерната иновација целосно го промени лицето на оваа компанија и ја претвори во машина за иновации што го опфаќа просторот на никотинот и пошироко од него – рече Миловановиќ.

Таа објасни дека иновациите во „Филип Морис“ не запреа само на IQOS, туку дополнително се засилија користејќи различни модели. Тука спаѓа и купувањето на шведската компанија „Swedish match” и нејзиниот водечки бренд на никотински ќесички ZYN, уште еден производ без чад, што се покажа како дополнителен смел и успешен стратешки потег кој брзо се претвори во значителна вредност за акционерите.

Осврнувајќи се на влијанието на производите без чад на пазарот во Македонија, кој има долга традиција на одгледување тутун, Миловановиќ истакна дека водечкиот производ на компанијата, IQOS, сè уште има вистински тутун во својата срж, вклучувајќи го и македонскиот тутун.

– Не станува збор за заборавање на наследството во одгледување тутун, туку за негово преосмислување, со што во Македонија паралелно управуваме со сегашноста и со иднината. „Филип Морис“ е еден од најголемите глобални купувачи на македонски тутун, индустрија која поддржува илјадници земјоделски семејства во земјата. Ние комерцијализираме производи без чад, додека во исто време нашиот партнер во заедничкото вложување Тутунски комбинат Прилеп (ТКП) произведува висококвалитетни традиционални производи во фабриката во Прилеп. И со производите без чад и со традиционалните цигари, не го опслужуваме само локалниот пазар. Лоциравме регионален сервисен центар во Македонија, додека од фабриката во Прилеп почнавме да извезуваме на повеќе пазари. За нас, Македонија не е само уште еден пазар, тоа е долгорочно партнерство каде што растеме заедно со земјата – рече Миловановиќ.

Таа истакна дека тутунската индустрија, заедно со фармацевтската, историски се меѓу најрегулираните индустрии во светот, така што со секоја иновација во нив се појавуваат и силни политички дебати. Притоа, во ваква ситуација нема црно-бели одговори и лесни решенија.

– Регулаторните решенија што изгледаат едноставно и имаат намера да решат еден очигледен проблем, честопати предизвикуваат безброј несакани последици. На пример, во нашата индустрија радикалните даноци, забрани или други поедноставни регулаторни решенија честопати предизвикуваат нелегална трговија, наместо да помагаат во намалувањето на стапките на пушење – рече Миловановиќ.

Според Миловановиќ, иновациите и регулативата треба да се балансираат преку вклучување во отворен и конструктивен дијалог со владите и другите засегнати страни, како и преку споделување искуства на повеќе пазари и заедничко изнаоѓање решенија соодветни на локалниот контекст на секое општество.

 

Најнови вести од: Македонија

ЗНАМ: Дали СДСМ не ги застапува македонските национални интереси и води бугарољубиви политики, затоа што Филипче и Заев имаат фирми во Петрич, во Бугарија?!

Дали е точен фактот дека Венко Филипче ја поседува фирмата во POWER i8 Ltd., ЕИК 207164506, регистрирана во Петрич, со дејност поврзана со недвижности? Дали семејството Заеви е поврзано со фирмата GOMASIDRA Ltd., ЕИК 204619751, исто така регистрирана во Петрич? Дали на истата адреса во Петрич, ул. „Гоце Делчев“ бр. 12, се регистрирани и други компании поврзани со лица блиски до Заеви? Дали постоењето и работењето на овие фирми се основната причина за ваквите бугарофилски политики на СДСМ?! Раководството на СДСМ води политика што создава сомнеж во јавноста дали воопшто партијата ги застапува македонските национални интереси или работи во полза на туѓи агенди и погледи! – реагира партијата ЗНАМ преку својот Центар за комуникации и аналитика на ЗНАМ.

Мицкоски: Ќе бараме одговорност за штетите на автопатот Кичево-Охрид, во кој се вложени над 1 милијарда долари! Дел од делницата бил заборавен и уништен!

Повеќе од една милијарда (долари) се инвестирани во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година – рече премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали активно се работи на патно поврзување на Кичево.

АПИС: Ако нема легални објекти за игри на среќа, ќе има „објекти на црно“

Младите и преку мобилни може да се коцкаат, а аатворањето на легалните објекти за игри на среќа од 10.000 вработени ќе направи 10.000 невработени кои со своите семејства ќе станат најмалку 35.000 нови кандидати за иселеници во западните земји

Македонија отвора амбасада во Литванија

Амбасадата во Вилнус ќе има и поширока регионална улога, претставувајќи централна точка за покривање на останатите балтички држави во политичката, економската, културната, конзуларната и во другите сфери од заеднички интерес

ВМРО-ДПМНЕ: Ислам Абази ги спасува криминалците од СДСМ и ДУИ

Затворањето на постапката за предметот „Мазут“ за кој постојат основани сомненија за сторен криминал тежок 167 милиони евра е скандал и доказ за активирање на послушниците на Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче за одбрана на криминалците од СДС и ДУИ

Најнови вести

To top