Македонија

Самсунг (Samsung) ја претстави серијата Galaxy S26 во Македонија: Ера на интелигенција без напор и врвна приватност

Моќен хардвер, водечки во индустријата систем на камери и напредни, интуитивни искуства со вештачка интелигенција наскоро достапни и за корисниците во Македонија

По светската премиера, “Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) денес ја претстави Galaxy S26 серијата и на Македонскиот пазар. На настанот кој се одржа денес во „Ботаника“, претставниците од медиуми и деловните партнери на Компанијата се уверија дека најновите Galaxy S26, S26+ и S26 Ultra уреди се поддржани од најинтуитивното, проактивното и прилагодливо Galaxy AI искуство и се дизајнирани за да ги поедностават задачите кои луѓето секојдневно ги извршуваат на своите телефони. Официјалната продажба на уредите во Македонија ќе започне на 11 март. До тогаш, сите заинтересирани ќе може да ги нарачаат најновите “Samsung“ уреди кај Операторите и малопродажните Партнери и да искористат ексклузивна поволност: да добијат модел со меморија од 512GB по цена на модел со меморија од 256 GB.

Како трета генерација на “Samsung“ паметни телефони со вештачка интелигенција, серијата Galaxy S26 е дизајнирана со една единствена филозофија: технологијата треба да се повлече во позадина, а корисникот да остане во центарот на вниманието. Од менаџирање на густите распореди до совршено уредување на дигиталните содржини, Galaxy S26 го намалува бројот на чекори потребни за секоја задача. Наместо корисникот да се занимава со тоа  „како“ функционира телефонот, Galaxy AI овозможува фокус на она „што“ сака корисникот да постигне.

Најмоќниот модел во серијата, Galaxy S26 Ultra, воведува индустриски пресвртници во две клучни категории:

  • Privacy Display: Првиот во светот вграден екран за приватност кој ја заштитува содржината од странични погледи на ниво на пиксел, зачувувајќи ја притоа врвната осветленост и јасност за корисникот.
  • Бескомпромисни перформанси: Опремен со приспособената платформа Snapdragon® 8 Elite Gen 5 за Galaxy, Galaxy S26 Ultra нуди значителни подобрувања кај CPU (19%), NPU (39%) и GPU (24%) перформансите, поддржани од редизајнирана Vapor Chamber комора за ладење, со цел оптимално термално управување.

Системот на камери кај серијата Galaxy S26 е оптимизиран за интуитивна интеракција. Со зголемени отвори на објективот кои пропуштаат до 47% повеќе светлина и воведувањето на професионалниот APV видео кодек, уредите нудат квалитет без визуелни загуби. Креативниот процес е дополнително олеснет со функциите Creative Studio и Photo Assist, во чии рамки корисниците можат да вршат комплексни измени на фотографиите преку едноставни описни команди.

Целосниот екосистем е заокружен со новите Galaxy Buds4 и Galaxy Buds4 Pro, кои овозможуваат напредна контрола преку движења на главата и гласовна активација на агентите со вештачка интелигенција, обезбедувајќи продуктивност дури и кога мобилниот уред не е физички достапен.

„Samsung“ продолжува да вложува во заштитата на корисничките податоци преку Knox Matrix и пост-квантна криптографија (PQC), кои го зајакнуваат интегритетот на системот. Дополнителен бенефит кој доаѓа со серијата Galaxy S26 се седум години безбедносни надградби, што обезбедува долговечност и сигурност за своите корисници.

Galaxy S26 Ultra, S26+ и S26 се достапни за нарачка во Северна Македонија, а корисниците може да одберат модел во виолетова, бела, црна и небесно сина боја. За сите информации и детали за новата Galaxy S26 серија, посетете ја страницата: www.samsung.com/mk.

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото галерија): Скопје наскоро ќе добие нов мултифункционален комплекс ТРИАНГЛА, современо место за уживање

Лоциран во општина Гази Баба, со влез на булеварот „Александар Македонски“, комплексот претставува нов современ концепт на малопродажен парк во источниот дел на Скопје. Инспириран од европските модели на отворени трговски комплекси, хотелиерство и урбани содржини за секојдневно уживање, проектот има цел да создаде нова значајна градска дестинација за жителите на Скопје и посетителите од регионот.

Никола Петров Русински: Македонија не е српска, ниту грчка, ниту бугарска! Македонија е на Македонците!

„Македонија не е ниту српска, ниту грчка, ниту бугарска, ниту турска! Македонија е на Македонците!“ – порачал во почетокот на јули 1901 година Никола Петров Русински, кој во македонската национална историја останува запаметен како близок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други истакнати македонски револуционери, но и како еден од основачите на четничкиот институт на Македонската револуционерна организација (МРО). Целиот живот го посветил на идејата „Македонија за Македонците“. Русински бескрајно многу ја сакал својата татковина, велел дека за него „цела Македонија му била роден крај“. Денес се навршуваат 83 години од неговата смрт.

Рама: „Мајката“ Урсула да не ги заборави своите „седум деца“ од Западниот Балкан! Неодржливо е да не сме на масата каде што се одлучува!

Европа денес има потреба од Западен Балкан колку што и ние имаме потреба од неа, а можеби и повеќе. Нашиот регион е во многу подобра позиција отколку пред неколку години и време е политички да стане дел од европското семејство, изјави албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Еуроњуз Србија“. Тој смета дека земјите од Западен Балкан повеќе не треба да бидат оставени настрана од европските процеси.

Летови со владин авион, хотелски трошоци и спорни набавки – ексдиректорот на СОЗР заработи кривична

За приватни потреби и без да постои основ го користел владиниот авион Лирџет 60, а при патувањата од сметката на СОЗР се вршени плаќања по разни основи. Освен тоа, за хотелски и угостителски услуги обвинетиот неосновано користел средства од службената картичка издадена на негово име

Осуденици ќе чистат од денес седум дена магистрални и регионални патишта – под постојан надѕор на затворската полиција!

Акцијата се реализира во соработка меѓу Управата за извршување на санкциите и ЈП „Македонија Пат“, согласно потпишаниот Меморандум за соработка за работно ангажирање на осудени лица.
Од денеска започна седумдневна работна акција за одржување на хигиената на магистралните и регионалните патишта низ државата, која ќе трае до 22 јули 2026 година.

Мицкоски: Владата има мандат до пролетта 2028, но подготвени сме да одговориме, ако бидеме предизвикани на предвремени избори

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше наметнувањето на темата за предвремени парламентарни избори од страна на опозицијата. „Опозицијата е оптоварена и тоа е нивен најголем проблем. Оваа Влада има мандат до пролетта 2028 година. Ние сме насочени на тој мандат, да го спроведеме она, што го очекуваат граѓаните го очекуваат од нас. Но, ако бидеме предизвикани, подготвени сме да одговориме на тој предизвик.“ – посочи Мицкоски.

„Ние ќе победиме!“ – извикот на Вера Трена кон бугарските окупатори пред да се самоубие на 15.7.1944, положувајќи го животот во темелите на македонската држава

„Ние ќе победиме! Ние ќе победиме!“ – ова биле последните, претсмртни зборови на големата македонска хероина Вера Циривири-Трена, кои ги извикала со силен глас кон бугарските полицајци ноќта на 14-ти спроти 15-ти јули 1944 година, бегајќи од нив меѓу куќите во Штип.  Во моментот кога го прескокнувала ѕидот на оградата од некоја куќа, паднала погодена од куршум на полициските агенти. За да не им падне жива во рацете, Трена се самоубива со својот пиштол. Своите само 24 проживеани години Трена ги даде во борбата против бугарските фашистички окупатори, вградувајќи ги во темелите на македонската држава.

Најнови вести

To top