Македонија

Самсунг (“Samsung“) ја задржа Број 1 позицијата на глобалниот пазар за комерцијални дисплеи 17 години по ред

Новиот извештај од индустријата ја потврдува лидерската позиција на Самсунг, додека компанијата го проширува своето портфолио на напредни дисплеи и интегрирани решенија за бизниси ширум светот

Самсунг (Samsung)објави дека ја задржа својата позиција бр. 1 на глобалниот пазар за комерцијални дисплеи во 2025 година, одбележувајќи 17 последователни години на врвот, со 35,2% удел според продажба на единици, според компанијата за истражувања “Omdia”.

Од достигнувањето на глобалната позиција бр. 1 на пазарот за комерцијални екрани за прв пат во 2009 година, “Samsung” континуирано го зајакнува своето лидерство во B2B секторот за дисплеи. Во 2025 година, компанијата достигна највисоко ниво на годишна продажба досега, испорачувајќи повеќе од 2,5 милиони единици.

Овој долгорочен стабилен раст го одразува фокусот на “Samsung“ на следната генерација на дигитално рекламирање (signage), која комбинира напреден хардвер за дисплеи со решенија базирани на облак (cloud) и поткрепени со вештачка интелигенција, во малопродажни, деловни, образовни и угостителски средини.

Портфолиото на B2B дисплеи на “Samsung“ е изградено врз основа на посветеност кон иновации во производите. Дисплеите Samsung Spatial Signage, лансирани оваа година, прикажуваат импресивна 3D содржина во тенко куќиште од 52 мм. Тие ја добија Наградата за иновации CES 2026 во категоријата “Enterprise Technology” и наградата за дизајн “iF Design Award 2026“. “Samsung“планира во иднина да ја прошири понудата со дополнителни големини дисплеи.

Линијата Samsung Color E-Paper нуди високо енергетски ефикасни решенија за прикажување содржини како алтернатива на традиционалните хартиени постери. Со големина од 33 сантиметри (13 инчи), “Color E-Paper“ е првиот комерцијален дисплеј во светот што во своето куќиште користи биосмола добиена од фитопланктон. Куќиштето на екранот е составено од 45% рециклирана пластика и 10% биосмола на база на фитопланктон, што овозможува намалување на емисиите на јаглерод за повеќе од 40% во споредба со конвенционалните пластични материјали на база на нафта.“Samsung“планира да ја прошири употребата на овој материјал низ целата своја палета “E-Paper“ уреди.

Портфолиото исто така вклучува дисплеи со екстра-голем формат, дизајнирани за деловни средини со високо ниво на влијание, во опсег од моделот QPDX-5K со дијагонала од 267 сантиметри (105 инчи) и моделите QHFX со дијагонала од 292 сантиметри (115 инчи), до дисплејотMicro RGB со дијагонала од 330 сантиметри (130 инчи) (модел QPHX).

Покрај хардверот, “Samsung“ очекува да ја задржи својата водечка позиција во индустријата преку меѓусебно поврзување на уреди и решенија, со што на клиентите им обезбедува беспрекорно, интегрирано корисничко искуство. Ова ја вклучува платформата Samsung VXT за далечинско управување со уреди и содржини и новата апликација AI Studio, која овозможува лесно создавање видеа подготвени за дигитално рекламирање од една единствена слика од производот.  

„Седумнаесет години на врвот на пазарот за комерцијалнидисплеи се резултат на слушањето на нашите B2B клиенти и развојот заедно со нив”, истакна Хјонг Џе Ким(Hyoung Jae Kim), Извршен Потпретседател на Одделот за Визуелни Дисплеи (Visual Display – VD) во “Samsung Electronics“. “Како што се менува деловната средина, на компаниите им е потребна технологија што е сигурна, лесна за управување и отпорна на застарување. Ќе продолжиме да инвестираме во дисплеи и решенија кои им помагаат на нашите партнери да работат поефикасно и да создаваат подобри искуства во секој простор”.

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

Најнови вести од: Македонија

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

Најнови вести

To top