Македонија

Самсунг (“Samsung”) Micro RGB телевизорот доби сертификати за безбедност за очите и за приказ на циркадијалниот ритам од институтот “VDE“

Компанијата ќе се стреми кон нови сертификати со попрецизна рамка за евалуација кај сите премиум модели

Самсунг Електроникс“(Samsung Electronics) денес најави дека нивниот MicroRGB телевизор (модел R95H) ги доби сертификатите за “Безбедност за очите“ (Safety for Eyes) и за “Приказ на циркадијалниот ритам“ (CRD – Circadian Rhythm Display) од “Verband Deutscher Elektrotechniker“ (VDE), водечки глобален институт за тестирање со седиште во Германија.

Произлезени од пошироката “EyeCare Circadian“ сертификација на институтот “VDE“, овие сертификати применуваат попрецизна рамка за евалуација, независно потврдувајќи ја безбедноста на очите и поддршката за циркадијалниот ритам за поригорозна проценка на перформансите на екранот. Оваа промена им нуди на потрошувачите посеопфатна гаранција за удобно искуство при гледањето.

Поконкретно, сертификатот за “Безбедност за очите“ ја оценува безбедноста на екранот при долготрајно гледање преку анализа на светлосните емисии од дигиталните уреди, со посебен фокус на сината светлина и нејзиното влијание врз здравјето на очите. Во меѓувреме, сертификатот за “Приказ на циркадијалниот ритам“ испитува колку добро екранот го поддржува биолошкиот часовник на корисникот. Тој ја мери способноста на екранот да ја имитира природната светлина преку прилагодување на температурата на бојата и осветленоста врз основа на времето од денот, истовремено намалувајќи ја сината светлина во вечерните часови за да се спречи супресија на мелатонинот, со што се поддржува природниот циркадијален ритам и визуелниот комфор.

Samsung Micro RGB телевизорот ги исполнува строгите стандарди поставени од двата сертификати, демонстрирајќи ја својата посветеност на безбедноста и удобноста на очите. Напредната Micro RGB LED архитектура на екранот е особено значајна по тоа што прецизно ги прилагодува осветленоста и бојата за да создаде оптимални услови за гледање во кое било време од денот.

Откако веќе обезбеди сертификат за “Безбедност за очите“ за својата линија телевизори за 2026 година и за “Приказ на циркадијалниот ритам“ за премиум моделите, “Samsung“ сега ја проширува сертификацијата за “Приказ на циркадијалниот ритам“ на поширок спектар производи.

„Micro RGB телевизорот поставува нов стандард на пазарот на премиум телевизори со тоа што е верифициран и за безбедноста на очите и за поддршката на циркадијалниот ритам“, изјави ТејонгСон (Taeyong Son), Извршен Потпретседател на Бизнисот со Визуелни дисплеи (Visual Display) во “Samsung Electronics“. „Ќе продолжиме да испорачуваме технологии за екрани кои ги земаат предвид средините за гледање на нашите корисници и го подобруваат нивниот начин на живот“.

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top