Македонија

Самсунг (“Samsung”) одбележува 20 години по ред како светски бренд број 1 за телевизори

Компанијата е рангирана како глобален лидер на пазарот на телевизори секоја година, започнувајќи од 2006 година, врз основа на уделот на приходите

“Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) објави дека е рангирана како број 1 светски бренд за телевизори, 20 години по ред, означувајќи две децениско глобално лидерство во телевизиската индустрија.

“Samsung” својата водечката позиција на глобалниот пазар на телевизори ја одржува уште од 2006 година, а според фирмата за истражување на пазарот “Omdia”, компанијата забележала удел од 29,1% на глобалниот пазар на телевизори во 2025 година. Ова достигнување го зајакнува лидерството на “Samsung” во технологии за премиум, ултра-големи и за дисплеи од следната генерација.

„Samsung” го предводеше премиум сегментот со цени над 2.500 долари со пазарен удел од 54,3%, поттикнат од Neo QLED, OLED и “lifestyle“ телевизорите. Исто така, компанијата го задржа водството и во сегментот над 1.500 долари, каде што држи 52,2% од пазарниот удел.

„Кога потрошувачите избираат телевизор, тие избираат бренд на кој можат да му веруваат во годините кои следат“, изјави СВ Јонг (SW Yong), Претседател и Раководител на бизнисот со визуелни дисплеи (Visual Display – VD) во “Samsung”. „Нашето 20 годишно лидерство на глобалниот пазар на телевизори ја одразува довербата која е изградена врз децениска инженерска извонредност и премиум иновации“.

20 години иновации кои ја дефинираат индустријата

Откако за првпат ја достигна позицијата бр. 1 во 2006 година со својот Bordeaux ТВ уред, предводен од неговиот дизајн, “Samsung” постојано носи иновации со цел  да ја преобликува телевизиската индустрија:

  • 2009: Компанијата ја забрза глобалната транзиција кон LED телевизори, поставувајќи нови стандарди за потенки, енергетски поефикасни екрани.
  • 2011: Воведувањето на паметните телевизори дополнително ги трансформираше ТВ уредите во поврзани платформи за забава, проширувајќи ја нивната улога надвор од традиционалното гледање.
  • 2015: Телевизорот The Serif го реобликуваше начинот на кој ТВ уредите се интегрираат во просторот за живеење, со воведување на телевизор фокусиран на дизајнот кој го позиционираше екранот како впечатлив елемент во домот.
  • 2017: Компанијата го лансираше The Frame, пионерот во категоријата уметнички ТВ уреди, односно Art TV, преку трансформирање на телевизорот во приспособливо дигитално уметничко платно.
  • 2017: Во однос на премиум квалитетот на сликата, “Samsung” продолжи да воспоставува стандарди во индустријата со воведувањето на QLED телевизорите со технологија на квантни точки.
  • 2018: 8K телевизорите испорачаа над 33 милиони пиксели, односно четири пати поголема резолуција од 4K.
  • 2020: “Samsung” ја воведе MICRO LED технологијата, унапредувајќи ја иновацијата на само-емитувачки дисплеи и поставувајќи нови стандарди за осветленост, контраст и точност на боите кај ултра големите екрани.

Преку континуиран напредок во квалитетот на сликата, функционалноста и иновациите кај дисплеите, “Samsung” одигра одлучувачка улога во воспоставувањето на денешните премиум ТВ стандарди.

Зајакнување на лидерството кај премиум телевизорите и телевизорите од следната генерација 

Надградувајќи го своето наследство од иновации, “Samsung” продолжува да го развива своето премиум портфолио на телевизори со проширени Micro RGB модели, унапредувајќи ги своите технологии за дисплеи од следната генерација и зајакнувајќи го лидерството кај екраните со високи перформанси. Компанијата исто така продолжува да ги унапредува своите OLED и Neo QLED линии, нудејќи премиум квалитет на сликата, опции за ултра големи екрани и диференцирани перформанси на дисплејот.

“Samsung” ја проширува и својата понуда на Mini LED телевизори, носејќи подобрена осветленост, контраст и прецизна контрола кај поширок опсег на големини на екрани и ценовни класи, со цел да ги прошири напредните перформанси на дисплејот низ својата гама. Истовремено, континуираното инвестирање во телевизори поддржани со вештачка интелигенција (AI) интегрира напредни процесори и интелигентни карактеристики кои ги оптимизираат сликата, звукот и персонализацијата во реално време.

Со две децении докажано глобално лидерство, “Samsung” останува еден од најконзистентно признатите брендови за телевизори со најголема доверба во светот, нудејќи водечка технологија во индустријата низ повеќе ценовни класи, големини на екрани и иновации кај дисплеите.

 

За “Samsung Electronics Co., Ltd.“

“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.

“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

Најнови вести

To top