Македонија

Саракинов: Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев, од Карпош направи бетонска џунгла

За профит на инвеститори ја продаде општината

Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев, од Карпош направи бетонска џунгла, за профит на инвеститори ја продаде општината, изјави денеска Христо Саракинов, носител на советничка листа за Општина Карпош.

Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев дојде на власт со ветување на нови зелени површини, дојде на власт и заборави на ветувањата.

Наместо нови зелени површини добивме нови бетонски коцки насекаде низ Карпош.

Сега Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев склучил пакт со Филипче и Заев за поддршка, а цената е јасна, тоа е пакт за продолжување на бетонизацијата и урбаната мафија.

Интересот на Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев не е да ја реализира програмата што ја вети на избори, тоа го покажал на дело, туку да штанца ДУП-ови и да го бетонизира секое делче од Карпош.

Карпошани нема да бидат излажани од Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев кој секогаш пред избори ветува зеленило и проекти, а по избори се фрла на бетонизација, рече Саракинов.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top