Македонија

Сашко Коцев со шега ја смири публиката по земјотресот

Потресот беше почувствуван низ поголем дел од земјава, особено во северозападните региони (Тетово, Гостивар), каде што во некои места достигна интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот со локална магнитуда од 4,6 степени според Рихтеровата скала, регистриран вечерва во 22:05 часот, го погоди Скопје за време на стендап настапот „Широк дијафазон“ на Сашко Коцев во Македонскиот народен театар (МНТ).

Потресот предизвика краткотрајна вознемиреност кај дел од публиката, но настапот продолжи без поголеми инциденти и заврши во смирена атмосфера.

Според сведоштва и објави од присутни, во моментот на тресењето дел од гледачите станаа од местата со намера да ја напуштат салата, додека други продолжија да се смеат на шегите на сцената. Атмосферата накратко се промени, но брзо се смири.

Сашко Коцев, кој лично не го почувствувал потресот, веднаш ја искористи ситуацијата за хумор – ги насмеа оние што сакаа да заминат и ги повика да го сторат тоа мирно, без турканици и паника. Неговата смиреност и брза реакција помогнаа да се задржи позитивната енергија во салата.

Потресот траеше десетина секунди и не предизвика штети, ниту во театарот, ниту во градот. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје потврди дека епицентарот бил на територијата на Република Косово, околу 45 километри северозападно од Скопје.

Потресот беше почувствуван низ поголем дел од земјава, особено во северозападните региони (Тетово, Гостивар), каде што во некои места достигна интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала.

Нема пријави за повредени лица или материјални штети. Ова е втор забележан потрес во регионот во последните денови, по оној од 3,0 степени од 8 февруари, и е дел од нормалната сеизмичка активност во пограничниот регион.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

To top