Македонија

СДСМ го исклучи Шилегов од своите редови!

Ексградоначалникот на Скопје е уценет и одработува за ВМРО-ДПМНЕ, објаснија од опозициската партија

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го исклучи од своите редови поранешниот градоначалник на Скопје и висок партиски функционер Петре Шилегов.

„Извршниот одбор на СДСМ денеска донесе одлука и иницираше постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството на СДСМ.

Шилегов е уценет и одработува за ВМРО. Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре.

Сега на сите им е јасно дека станува збор за ‘платформа за рушење на СДСМ’“, соопшти опозициската партија.

Најнови вести од: Македонија

To top