Македонија

СДСМ ќе бара објаснување од својата кандидатка во Карпош за сликата со Лукровски

Се лутат зошто лекарката се сликала со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

 

Хаотична состојба на Бихаќка откако СДСМ најави дека ќе бара објаснување од својата кандидатка во Карпош за сликата со Лукровски.

Откако повеќе медиуми објавија фотографија на која се лекарката Маја Мојсова и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Карпош од Бихаќка тврдат дека СДСМ не дава никаква поддршка за Сотир Лукровски.

 

Од таму најавуваат дека ќе се бара објаснување од Мојсова за сликањето со Лукровски.

 

,,Во целост ги демантираме шпекулациите дека фотографијата на Маја Мојсовa со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски се било каква поддршка од СДСМ за Лукровски. СДСМ апсолутно не го поддржува кандидатот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ против кој се бореше партијата во првиот круг. СДСМ ќе побара објаснување од Маја Мојсова за фотографијата”, објавија од СДСМ.

 

Маја Мојсова која е анестезиолог и блиска на лидерот на СДСМ Венко Филипче на Фејсбук објави дека се сретнала со Лукровски.

 

„Како човек кој во животот секојпат се води од достоинствено и чесно однесување, така и како кандидатка за градоначалник на општина Карпош, јавно се обврзувам на фер, коректна и достоинствена политичка трка со сите чинители на Локалните избори.

 

Денес имав можност да се сретнам со мојот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски и заеднички да поразговараме за периодот кој ни следува“, напиша Мојсова на Фејсбук

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top