Македонија

СДСМ призна дека српски пејач им ја прави партиската пропаганда

Голем дел од прес конференциите на СДСМ ги води Јон Фрчкоски, кој беше снимен како шмрка кокаин на работното место

Во прилично конфузно соопштение за јавност кое може да се доживее и како шега СДСМ призна дека српски пејач им ја прави пропагандата со која Бихаќка сака да ја турне од власт ВМРО-ДПМНЕ за да се врати на Илинденска.

Во соопштението освен што СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ има историски најголем пад на рејтингот има неколку чудни тези кои се конфузни и за нивни долгогодишни членови кои ги консултираше expres.mk.

Сите досегашни објавени анкети во последно време покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има историски највисока предност пред СДСМ.

Според соопштението тоа што владата на ВМРО-ДПМНЕ апси свои луѓе за корупција како во случаите ИПАРД и последното приведување на Васе Анакиев од Инспекторат за земјоделие не било доволно.

За граѓаните да поверуваат во чесните намери на ВМРО-ДПМНЕ, според Бихаќка, партијата требала да уапси половина од своите членови, се вели со соопштението на СДСМ во кое се тврди дека Мицкоски, кој не се именува директно, работел со дрога.

Мицкоски засега не најавува тужба за обвинувањата.

Инаку голем дел од прес конференциите на СДСМ ги води Јон Фрчкоски, синот на Љубомир Фрчкоски кој беше снимен како шмрка кокаин на работното место директор во ПУИГ.

Во текстот на СДСМ дополнително се брани Бугарија за која се вели дека го демантирала ставот на Владата за загрозениот македонски идентитет.

На крајот Бихаќка, наспроти тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека други српски агенции и експерти работат на Пиарот на Филипче, тврди дека познатиот српски пејач Харис Џиновиќ работи на пропагандата на СДСМ.

Во едно видео на социјалните мрежи се гледа забава на семејството Заеви во Дубаи на која пее Харис Џиновиќ а на која се забавува Венко Филипче.

Досега немаше информација дека Харис Џиновиќ е експерт за партиска пропаганда и комуникации или е сопственик на Маркетинг агенција.

СДСМ не открива дали пејачот работи на ПР-от на Бихаќка онлајн или доаѓа во Скопје.

,,Граѓаните ве прочитаа, како не разбирате?

Вашата поддршка за „борба“ против криминал и корупција исто така не поминува.

Вашите луѓе се уапсени. Тоа се ваши кадри! Можете да ставате фотографии на Заев, Филипче… ама за џабе.

Вие, ако сакате да се борите против криминал и корупција, морате да ја уапсите половина партија ВМРО-ОКГ.

Главниот е во бегство, во Будимпешта.

Овој што е овде, работи со дрога!

Ете, оттаму почнете.

Повеќе не поминуваат лаги, како што беа лагите за името, дека ќе го вратите. Да вратите БЈРМ или ФИРОМ.

Не поминува повеќе да лажете дека е загрозен националниот идентитет. Не е. Јазикот е признат, дури и Бугарија ве демантира.

И повеќе не мора да погодувате кој работи ПР – за нас работи Харис Џиновиќ. Тоа барем сите го знаат.

Кој лаже, тој краде. А кој краде, мора во Идризово”, стои во соопштението на СДСМ.

Фото: Принт скрин од видео од забава на Заеви во Дубаи на која се забавува Венко Филипче

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top