Македонија

СДСМ ѝ се скара на „Левица“

„Кога дојде закон за 600 евра минимална плата, Левица не гласаше“, рече Кузеска

 

.Левица дека не ги поддржала работниците во Собранието, откако пратениците на партијата не гласале за предлогот на социјалдемократите за минимална плата од 600 евра, обвини портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска

Таа ја обвини партијата на Апасиев дека ги побила сопствените ветувања за заштита на работничките права.

Кузеска рече дека за предлогот гласале само пратениците на СДСМ и коалицијата, додека пратениците на Левица не биле во собраниската сала. Според неа, за предлогот не гласале ниту пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, а во салата ги немало ниту пратениците на ДУИ.

Таа потсети на ветувањата на Левица за минимална плата во висина од две третини од синдикалната потрошувачка кошница, повисока медијална плата, исплата на платите од први до седми во месецот, двојна дневница за викенд и празник и укинување на привилегираните плати над 10.000 евра.

„Кога дојде закон за 600 евра минимална плата, Левица не гласаше“, рече Кузеска, додавајќи дека работниците не можат да ги плаќаат сметките со пароли и политички ветувања.

Во продолжение, таа ја обвини Левица дека дејствува како сателит на власта и дека заедно со други политички структури работи на ослабување на СДСМ. Кузеска упати критики и за политичката ориентација на Левица, посочувајќи дека нејзините антиевропски и анти-НАТО ставови се спротивни на стратешките определби на Македонија.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски за Филипче: Ме нарекува „идиот“, а „идиот“ 7-8 пати го победува на избори, и нека се запраша кој е вистинскиот идиот?!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, истакнувајќи дека бил навредуван оти е „арамија“, „предводник на организирана криминална група“ и “нарко-трговец. Тој потсети и дека Филипче го нарекол „идиот“, прашувајќи кој е, поправо, вистинскиот идиот, ако тој тој успеал да победи на седум или осум избори.

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална М-услуга и можност за дополнителни попусти

Зголемување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата М-услуги, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за младинските политики и студентскиот стандард.

Бланар: Словачка е против двојни стандарди за РМ во пристапувањето кон ЕУ! – Расте фрустрацијата кај кандидатките и ќе го изгубиме регионот!

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не […]

Муцунски: Непристојно е Бугарија-членка на ЕУ да биде прибежиште за осудени лица, мора да ги почитува врвните европски стандарди за владеење на правото!

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски упати остра порака до официјална Софија во врска со третманот на лицата кои избегале од македонското правосудство, со конкретен осврт на случајот со Ива Михајлова. Тој нагласи дека државите-членки на Европската Унија мора да ги почитуваат врвните европски стандарди за владеење на правото.

Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал

Мицкоски посочи дека наместо најавуваните скандали од опозициската СДСМ, досегашните информации покажуваат дека средствата од унгарскиот кредит биле искористени за поддршка на економијата и на домашното стопанство, а тоа го потврди и извештајот на Државниот завод за ревизија

Петров: За Филипче гласале и мртви – неговиот избор на чело на СДСМ е контроверзен

Нека си даде оставка, нека се избере претседател, нека се кандидира слободно, нема да го изберат без електронски картички ни под разно. Ако му биде кандидат некој од овие столбови на СДСМ што биле со години, теоретски шанси нема

Најнови вести

To top