Најновото издание на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ предизвика вистинска бура и револт во македонската јавност, откако членот на жирито, српскиот рок-музичар Ѓорѓе Давид, изнесе скандалозна констатација за легендарната македонска песна „Дали чекаш стара мајчице“.
По настапот на кандидатката од Крушево, Ребека Јанкоска, која ја пееше песната „Дали чекаш стара мајчице“, авторска песна на браќата Миле и Ѓорги Барбаровски, а испеана од Гоце Арнаудов, Ѓорѓе и даде глас на Ребека, и додаде:
„Првата песна од Гоце е обработка од стара бугарска песна, која има многу крв во себе“, рече меѓудругото Давид.
Оваа реченица ја разбранува македонската јавност, особено што песната „Дали чекаш стара мајчице“ ниту е бугарска, ниту, пак, е стара народна, бидејќи зад неа стои авторски тим. Песната прв пат Гоце Арнаудов ја испеа на Фолк фест „Валандово“ во 1994 година. Автори на песната се браќата Миле и Ѓорѓе Барбаровски, а аранжманот го направи Живојин Глишиќ.
По бурната реакција Ѓорге Давид се извини и на македонската јавност и на авторскиот тим.
„На сите од Македонија им благодарам што ми пишавте и што ми објаснија.
Им се извинувам на браќата Барбаровски кои ја напишаа песната, за кој бев убеден дека е обработка од бугарска песна . Јас прв пат таа песна ја слушнав во Бугарија. … Јас пред година ипол прв пат ја слушнав таму и немав поим Браќа Барбаровски се извинувм. Не се жестите, сите знаат колку ја сакам Македонија, така да на секој му се поткраднува грешка“, напиша Савид на Инстаграм , пренесува Канал 77.мк