Македонија

Се извлекува возило од Радика, има загинати

Во прекин е сообраќајот на патот Маврово – Дебар

Од 18:30 часот сообраќајот на регионалниот пат Маврово – Дебар е во прекин, соопшти АМСМ.

Прекинот е поради извлекување на патничко возило кое по сообраќајна несреќа завршило во реката Радика во близина на манастирот „Св. Јован Бигорски“.

Според соопштението на АМСМ, во сообраќајната несреќа има загинати лица.

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово остварил телефонски контакт со пријавителот, кој информирал дека возилото се движело со поголема брзина, при што изгубило контрола, се лизгало неколкупати и се превртело, по што завршило во реката Радика, на локација после mанастирот „Св. Јован Бигорски“, извести Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Повеќе детали за несреќата се очекуваат од полицијата.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top