Македонија Бизнис

Се намалуваат царините на 70 стоки, вклучително и на литиум-јонските батерии за складирање на електрична енергија

На предлог на Министерството за финансии, Владата вчера на седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за царинската тарифа со кои се пристапува кон намалување на царинските стапки на околу 70 стоки, главно суровини и репроматеријали кои се користат од страна на индустријата во земјата. Измената, како што соопшти денеска  Министерството за финансии, е […]

На предлог на Министерството за финансии, Владата вчера на седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за царинската тарифа со кои се пристапува кон намалување на царинските стапки на околу 70 стоки, главно суровини и репроматеријали кои се користат од страна на индустријата во земјата.

Измената, како што соопшти денеска  Министерството за финансии, е дел од Програмата за работа на Владата 2024-2028 година со која е предвидено постепена хармонизација на царинските стапки со стапките кои се применуваат во ЕУ, адаптирано на извозно-увозните потреби на стопанството и на државата.

-Оттука, во рамки на предвидената постепена хармонизација, во јули 2025 година ќе се изврши намалување за 50 отсто на разликата помеѓу царинските стапки што се применуваат за увоз на предметните стоки кај нас и царинските стапки за истите кои важат во ЕУ, со интенција за понатамошно доусогласување, велат од Министерството.

Посочуваат дека наведената законска измена е во насока на зголемување на конкурентноста на домашните компании кои извезуваат на странските пазари и зголемување на македонскиот извоз како и зголемен девизен прилив, а се очекува и зголемување на инвестициите и бројот на вработувањата.

Со намалувањето на царинските стапки, посочуваат од Министерството за финансии, директно ќе се помогне во секторите на автомобилска, метало-преработувачката индустрија, металургијата и енергетиката.

-Со предложените законски измени е опфатено намалување и на царинските стапки за литиум јонски батерии за складирање на електрична енергија во секторот енергетика. Целта е да се помогне во енергетскиот сектор, во насока на зголемување на своите капацитети, зголемување на извозната конкурентност, и се очекува зголемување на инвестициите и бројот на вработувањата, се наведува во соопштението.

Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за царинската тарифа ќе биде доставен во Собранието на усвојување.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Од историска касарна до најдобра зелена библиотека во светот: „Рами“ во Истанбул го освои првото место на наградите на IFLA

Најголемата библиотека во Истанбул, „Рами“, го освои првото место во категоријата „Проект од големи размери“ на наградите „Green Library Awards 2026“

Димитриеска-Кочоска: Старите долгови мора да се враќаат – речиси 1,5 милијарди евра доспеваат во 2027 година

Новата еврообврзница, чие издавање е планирано во 2027 година, е дел од навременото обезбедување пари финансирање на обврските на државата, меѓу кои и отплатата на значителен износ на стари долгови што достасуваат следната година, а земени од претходната Влада. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата на опозицијата за ново задолжување на Владата од 1,3 милијарди евра.

На патот Охрид-Кичево синоќа загина кошаркарскиот тренер Антонио Савески (33) од Охрид, откако возилото му удрило во кучиња и се запалило

Тешка сообраќајна несреќа изминатата ноќ, што се случи на автопатот Охрид-Кичево, заврши со трагичен исход: животот го загуби 33-годишниот Антонио Савески од Охрид, тренер во младинската школа на кошаркарскиот клуб „Ангели“.

Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8

Министерот за здравство, Сашо Клековски одржа прес конференција со директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Амир Елези, на која информираа дека се обезбедени 1.2 милиони единици фактор 8 за хемофилија, во вредност околу 500.000 долари.

To top