Македонија

Се откажа кандидатка за член на Комисијата за заштита од дискриминација

Џихан Ахмед, поднесе оставка од кандидатурата

 

На расправата, и покрај тоа што е магистер по меѓународно право, Ахмед не успеа да демонстрира основно познавање на Истанбулската конвенција – клучен меѓународен документ за заштита на жените од насилство. На прашањето за правните основи и содржината на Конвенцијата, таа наместо да ги објасни предвидените механизми за заштита од дискриминација, даде историски осврт за градот Истанбул и периодот на Мустафа Кемал Ататурк.

Според Законот, член на Комисијата за заштита од дискриминација мора да има најмалку седум години работно искуство во областа на човековите права, од кои најмалку пет години во сферата на еднаквост и недискриминација. Анализата на јавно достапното CV на Ахмед покажува дека таа нема релевантно работно искуство во овие области.

Нејзиното досегашно професионално искуство е стекнато во приватни компании, како универзитетски асистент и професор во средно училиште, со фокус на корпоративна безбедност, што, според критиките, не ја квалификува за функцијата во Комисијата. (Фокус)

Најнови вести од: Македонија

Нови сомнежи и реакции околу „останките од она, што е можеби цар Самуил“, кои Грција ѝ го испорача на Бугарија!

Повеќе од илјада години од неговата смрт македонскиот цар Самуил е повторно во средиштето на светската јавност. По византиските хроничари, македонскиот средновековен владетел сега е цел на вниманието и на современите медиуми, откако на Бугарија ѝ се вратени некои останки, кои му се припишуваат нему, иако за тоа нема никаквви идентификациски и други сигурни докази.

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

To top