Македонија

Седми меѓународен симпозиум: Естетиката медицина со нагорен тренд, во функција на севкупното здравје

Здружение за естетска медицина

Во организација на Здружението за естетска медицина (ЗЕМ), денеска во Скопје се одржува Седмиот меѓународен симпозиум за естетска медицина со меѓународно учество, под мотото „Естетика во функција на севкупното здравје“.

Настанот го отворија заменик министерот за здравство Г-дин Јовица Андовски и претседателката на лекарската комора Проф.Д-р Калина Гривчева Старделова кои ја нагласија важноста од континуирана медицинска едукација, следење на современите научни достигнувања и јакнење на професионалните стандарди во областа на специјализираните медицински дисциплини.

Заменик министерот упати благодарност на сите присутни експерти особено во делот кој е посветен на современите пристапи вотретманот на лузни од изгореници со цел заеднички да придонесеме кон унапредување на третманот и успешна рехабилитација на повредените.

Годинашниот симпозиум испрати јасна порака дека естетската медицина претставува интегрален дел од современото здравство, дисциплина со голем опсег – од нехируршки и хируршки процедури до реконструктивни и регенеративни терапии кои влијаат на физичката функција, самодовербата и менталната благосостојба на пациентите.

Според најновите светски податоци, вкупниот број на естетски интервенции на глобално ниво достигнува над 38 милиони процедури годишно, при што бројот на хируршки и нехируршки третмани бележи значајно зголемување од 40% во однос на 2020 година (ISAPS2024).

Во своето обраќање, претседателот на Здружението за естетска медицина, Проф. д-р Игор Пеев, истакна:

„Современата естетска медицина е дисциплина што ги обединува науката, технологијата и клиничката пракса во служба на пациентот. Нашата цел е да обезбедиме највисоки стандарди на безбедност и квалитет, базирани на научни докази и меѓународни протоколи. Кога зборуваме за естетика, зборуваме за севкупното здравје. Токму затоа е важно постојано да инвестираме во знаење и стручна надградба.“

Надоврзувајќи се на ова, секретарот на Здружението, д-р Анџелка Илиева, нагласи дека естетската медицина бара интегриран и одговорен пристап:

„Естетската медицина денес е мултидисциплинарна гранка, која комбинира хируршки, нехируршки и регенеративни пристапи. Нејзиниот развој и интеграција во клиничката пракса придонесуваат кон подобро здравје, функционална способност и благосостојба на пациентите.“

На симпозиумот учествуваа врвни домашни и странски експерти, а покрај стручните предавања се одржаа и практични hands–onработилници, што овозможи директен трансфер на знаење и примена на најновите техники во клиничката пракса. Програмата опфати широк спектар современи теми – од безбедноста на естетските интервенции, управување со компликации, мултимодални терапевтски пристапи и регенеративни методи, до иновативни техники во нехируршки и хируршки процедури. Посебен акцент беше ставен на научно засновани протоколи и холистички пристап во третманот на пациентите.

Седмиот меѓународен симпозиум за естетска медицина уште еднаш ја потврди улогата на ЗЕМ како релевантна стручна платформа што придонесува кон развој на оваа медицинска дисциплина и кон јакнење на професионалните стандарди во земјата.

​

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top