Македонија

Здружението за канабис „Билка“ бара итна легализација

Барање

По заплените на десетици тони марихуана, темата за легализација на канабисот повторно се наоѓа во центарот на јавната дебата. Здружението за канабис „Билка“ смета дека сегашната ситуација е резултат на децениска, погрешна политика и лошо законско регулирање.

„Постоечките закони повеќе ги фаворизираат бизнисите, отколку пациентите, за кои првично беше наменет медицинскиот канабис“, велат од здружението.

„Билка“ години наназад алармира дека законот не обезбедува квалитетни медицински производи и не го де-стигматизира рекреативното користење. Предлагавме законски измени кои ќе ја регулираат индустријата, ќе обезбедат безбедни производи за пациентите и ќе ја де-криминализираат употребата“, велат од здружението.

Тие додаваат дека легализацијата би можела да ја контролира индустријата, да го намали црниот пазар и да обезбеди сигурност и за пациентите и за рекреативните корисници.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top