Македонија

„Сејф сити“: На 590 возачи вчера многу им се брзало

Од 650 прекршоци,вчера доминираа пребрзото возење

 

Вчера преку системот со камери „Безбеден град“ на улиците на главниот град се евидентирани голем број прекршоци на сообраќајните правила, објави МВР.

Според официјалното соопштение од МВР, регистрирани се вкупно 650 прекршоци, при што доминира пребрзото возење со цели 590 случаи.

„Покрај пребрзото возење, камерите фатија 36 возачи кои поминале на црвено светло и 24 нерегистрирани возила.

Како казнена мерка, полицијата издаде и 61 забрана за возење, апелирајќи до граѓаните да бидат дополнително внимателни и да ги почитуваат правилата за да се гарантира безбедноста во сообраќајот“, соопштија од МВР.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top