Македонија

Секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред

Секој студент до 29 години запишан во учебната 2025-2026 година ќе добие по 15.300 денари за набавка на електронски уред, односно лаптоп, таблет или персонален компјутер

Пратениците на продолжението на 60-та седница со 84 гласа „за“ денеска го донесоа Законот за издавање вредносни ваучери, со кој секој студент ќе добие по 250 евра за електронски уред.

На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, кој истакна дека младите луѓе во Македонија добија партнер во државата, а воедно и дека од септември секој студент, кој е запишан на додипломски студии, ќе добие вредносен ваучер од 250 евра за електронски уред.

„Констатирам дека кога е ВМРО-ДПМНЕ во прашање и младите во Република Македонија, зборот е збор и затоа денес се гордеам што сум овластен предлагач на Законот за вредносните ваучери, со кој секој студент запишан на додипломски студии на возраст до 29 години од септември ќе добие вредносен ваучер од 250 евра за да набави електронско помагало во форма на лаптоп, таблет или персонален компјутер“, вели Попов.

Пратеникот Попов посочи дека младите се во фокусот на оваа Влада, дека сѐ што е ветено е испорачано како со проширувањето на опсегот за студентски оброк така и со вредносните ваучери за студентите, односно ветувањата што ВМРО-ДПМНЕ ги дава се остваруваат за разлика од седумгодишното владеење на минатата власт.

„Ветувањата што ВМРО-ДПМНЕ ги дава пред младите луѓе не се декларативни. Младите луѓе во Република Македонија добија партнер од страна на Владата, младите повторно имаат мајка Македонија, а не маќеа, како што беше седум години. Секогаш ќе настојувам мојата партија да ги застапува младинските интереси вистински и во пракса, а не само декларативно преку видеоспотови и празни флоскули. Со Законот за вредносните ваучери 250 евра за секој студент во државата многу бргу ќе биде реалност, а во иднина и многу други работи со оваа Влада и ова владејачко мнозинство ќе стануваат реалност“, рече Попов.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top