Македонија

Шаќири: Ќе дејствувам под чадорот на ДУИ и Ахмети и гарантирам дека Албанците ќе го добијат својот удел во Чашка, кој им припаѓа!

„Благодарен сум им на сите граѓани, со посебна нагласка на Албанците и на дел од турскиот етникум, кои се обединија околу целта, околу она, што го предложив општината да ни припадне нам.“ – изјави во емисијата „Дебата“ на ТВ Шења Суат Шаќири од ДУИ, новоизбраниот претседател на општина Чашка, во велешкиот крај.

„Се обврзувам со моите капацитети и со своите соработници дека ние, како Албанци, ќе го добиеме својот удел во општината Чашка, што ни припаѓа нам. Ветувам и гарантирам дека Албанците ќе имаат корист од развојот и ресурсите на општината на правичен начин. Благодарен сум им посебно на Албанците и на дел од турскиот етникум, кои се обединија околу целта што ја предложив: општината да ни припадне нам. Демократската унија за интеграција не може да се смета како губитник на последните избори,таа како партија останува важна политичка сила во земјата. Пораснав и продолжувам да дејствувам под чадорот на Демократската унија за интеграција и зад нашиот лидер Али Ахмети. – нагласи изјави Суат Шаќири во емисијата „Дебата“ на ТВ Шења.


Телевизијата ги пренесува искажувањата на Шаќири во оваа емисија: Шаќири рече дека Албанците ќе го добијат својот удел во Чашка. Тој вети дека за време на неговиот мандат Албанците ќе имаат корист од развојот и ресурсите на општината на правичен начин. „Ветувам и гарантирам дека мојата визија е оти Албанците ќе го добијат својот удел. Јас сум претседател на општина, кој не го гледа популистичкиот и материјалниот аспект само за лични цели. Се обврзувам дека со моите капацитети и со моите соработници, ние, како Албанци, ќе се чувствуваме горди и ќе го добиеме она, што ни припаѓа нам.“ – изјави Шаќири.
Тој додаде дека негов приоритет останува праведната корист на граѓаните од ресурсите на општината и развојот на Чашка на сеопфатен начин, без политички или етнички поделби.

Во емисијата „Дебата“ претседателот на општина Чашка Суат Шаќири наведе дека Демократската унија за интеграција не може да се смета како губитник на последните избори, нагласувајќи дека таа како партија останува важна политичка сила во земјата.

„Јас сум член на Демократската унија за интеграција. Потекнувам од огранокот, или членството на ДУИ во општина Чашка. Пораснав и продолжувам да дејствувам под чадорот на Демократската унија за интеграција и зад нашиот лидер Али Ахмети. Во врска со прашањата за реформите, утврдено е дека на 20 декември ќе има конгрес во ДУИ. Јас сум многу оптимист дека Демократската унија не е губитник, таа заедно со коалицијата Национална алијанса за интеграција го уживаат правото на 24 илјади гласови низ целата земја. Демократската унија ќе излезе уште посилна отколку што е.“ – напомна Шаќири.

Тој им се заблагодари на сите граѓани, со посебна нагласка на Албанците и турската заедница, за нивната поддршка за време на неговата кампања. „Благодарен сум им на сите граѓани, со посебна нагласка на Албанците и на дел од турскиот етникум, кои се обединија околу целта, околу она, што го предложив општината да ни припадне нам. Ние во коалицијата Национална алијанса за интеграција во кампањата за локалните избори ѝ дадовме посебна нагласка на мултиетничноста, за сите граѓани на општина Чашка.“ – посочи Суат Шаќири.

Тој истакна дека е насочен кон сеопфатна и мултиетничка соработка, вклучувајќи ги сите заедници во општината и кон промовирање на локалното единство. Шаќири ја нагласи важноста на неговото кандидирање во рамки на НАИ како чекор за развој на заедницата. – објави ТВ „Шења“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Со вера, работа и љубов кон Македонија продолжуваме да градиме подобро утре за нашите деца и сите граѓани

„Денес, повеќе од кога било, ни требаат заедништво, грижа еден за друг и одговорност кон иднината!“ – порача претседателот на Владата на Република Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на роденденската прослава на Општинскиот комитет на партијата во Кочани.

Поставена и осветена биста на македонскиот просветител Кирил Пејчиновиќ во дворот на црквата „Свети Димитрија“ во Теарце

Денес во дворот на црквата „Свети Димитрија“ во Теарце е откриена и осветена биста на македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ, кој во 2022 година е прогласен како  светец Кирил Лешочки.

Вреди: Абази ја затвори истрагата, Ахмети молчи, но кој ќе одговара за 14 загинати во модуларната во Тетово?!

„По вчерашната реакција очекувавме одговор од Али Ахмети и ДУИ. Но не го добивме. Продолжува нивниот молк во врска со трагедијата во Тетово, во која загинаа 14 лица.“ – нагласува партијата Вреди.

ВМРО ДПМНЕ: Абази пред заминување доодработи за СДС и ДУИ и го спаси Филипче од одговорноста за модуларната болница во Тетово!

„Ова не е прв случај, во кој Ислам Абази работи во интерес на Заев, Филипче и Ахмети. Сега пред заминување си ја доработува задачата, за која беше поставен во време на СДС. Тој не го прогласи Филипче како виновен.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести

To top