Македонија Бизнис

Што се случува со бројот на работниците во индустријата?!

Од Државниот завод за стистика информираа дека индустриското производство во мај бележи раст од 9,4% во споредба со истиот период лани.

Бројот на работниците во индустријата е намален за 4,3 % во мај 2025 во однос на мај 2024 година. Индексот на бројот на работниците во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, изнесува 95.7. Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 95.9, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, се намалил за 2,4 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4,5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,3 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, се намалил во групите Енергија за 3,2 %, Капитални производи за  9,3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,6 %, а се зголемил во групите Tрајни производи за широка потрошувачка за 12,4 % и Интермедијарни производи,освен енергија за 0,1  %.

Број на работници во мај 2025 година во однос на мај 2024 година.

  • Рударство и вадење на камен: -2,4 %
  • Преработувачка индустрија: -4,5 %
  • Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација: -2,3 %

Најнови вести од: Македонија Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

To top