Македонија

Сиљановска-Давкова-Будрис: Проширувањето на ЕУ ќе биде врвен приоритет за време на литванското претседавање со Советот на ЕУ

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис, кој е во официјална посета на државата.Соговорниците го поздравија отворањето на дипломатското претставништво на Литванија во Скопје, како и одлуката на македонската Влада за отворање амбасада во Вилнус, очекувајќи засилен политички дијалог, поголема економска и културна соработка, како и подобри севкупни односи меѓу двете држави.

Македонската претседателка воочува значителен неискористен потенцијал за развој во областите на информатичките технологии, сајбер-безбедноста, образованието и иновациите. Во пресрет на Самитот на НАТО во Анкара, Сиљановска-Давкова ја потврди определбата на државата, како кредибилен сојузник во Алијансата, да продолжи да придонесува кон колективната безбедност и стабилност. Таа се заблагодари за литванската принципиелна и континуирана поддршка на македонските евроинтеграции, особено како дел од групата „Пријатели на проширувањето“.

Исто така, претседателката очекува Литванија, како претседавач со Советот на ЕУ од идната година, да се заложи за кредибилен и предвидлив пристапен процес, заснован врз Копенхашките  критериуми. За Сиљановска-Давкова, билатералните условувања од идентитетска природа се опасен преседан којашто може да биде погубен за политиката на проширување на Европската Унија.

За министерот Будрис, актуелниот геополитички момент наметнува потреба од забрзано проширување. Тој ги поздрави нашите досегашни реформски достигнувања, акцентирајќи ја важноста од нивно продолжување. За него, проширувањето на ЕУ ќе биде врвен приоритет за време на литванското претседавање со Советот на ЕУ во 2027 година. Соговорниците се согласија дека интеграцијата на Западен Балкан е геополитичко и безбедносно прашање од особен европски интерес.

Најнови вести од: Македонија

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top