Македонија

Сиљановска-Давкова гo прими градоначалникот на Тетово, Касами

Претседателка ја истакна важноста од решавањето на проблемите врзани за младите и за животната средина и екологијата, како на локален, така и на централен план

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска гo прими градоначалникот на Тетово, Билал Касами кој ја покани на македонската вечер во рамките на годинашната културно-уметничка и спортска манифестација „Тетово прославува – Тетовско културно лето 2025“.

На средбата, Касами ги претстави неговите заложби за развој и афирмација на културната димензија и спортот заради задоволување на потребите на младите и јакнење на меѓусебната почит.

Исто така, градоначалникот ја запозна со изградбата на школските базени и ја потенцираше важноста од изградба на пречистителна станица преку ИПА фондовите, како најважна за заштита на водите.

Претседателка ја истакна важноста од решавањето на проблемите врзани за младите и за животната средина и екологијата, како на локален, така и на централен план.

За претседателката, локална самоуправа е клучна во решавањето на најважните проблеми на граѓаните врзани за локусот и за развојот на демократијата.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top