Македонија

Сите аргументи покажуваат дека онлајн или гласањето по пошта е решение кое ќе го подобри изборниот процес

Енормни трошоци за минимален одзив

Енормни трошоци за минимален одзив –традиционалниот модел на гласање во дијаспората не ја исполнува својата цел. Слаб одзив, комплицирана логистичка операција, големи трошоци. Репер за тоа дека сегашниот систем е нефункционален се последните претседателски избори во 2024 година. Тогаш гласањето на Македонците во светот чинело повеќе отколку печатењето на сите ливчињата во Македонија. Па така, огромни пари се дадени за транспортот и сместувањето на набљудувачи на 31 дестинација по светот.

„Вредносно најголем склучен договор за изборите 2024 година е за ‘транспорт и сместување на членови на изборните органи (ИО) во дипломатско конзуларните претставништва (ДКП) за избори’, во вредност од 50 милиони денари (813 илјади евра).“ стои во Истражување на Центарот за граѓански комуникации.
Толку пари, мал одзив. На изборите имало пријавени 2569, а гласале само 652. Клако пример, во Париз за гласање биле пријавени 44 македонски државјани, а на гласачките места се појавиле само 11. Во Пекинг за гласање се пријавени само 12 македонски државјани, а правото на глас го искористиле 9, во Вашингтон 14 од пријавени 34, а во германската престолнина гласале 118 од 260 кои се пријавиле.

Ваквиот слаб одзив се должи на голема одалеченост од дипломатско-конзуларните претставништва посебно во големите земји како САД, Канада и австралија, каде има голем број на иселениците. Некои од нив требало да патуваат најмалку 400 километри, се гласало во работен ден во повеќето држави и ред други причини. Кога би се вовело електронско гласање, кое уште пред четири години го побарале македонските иселеници, нудејќи се тие да го покријат трошокот за воспоставување таков систем, сите овие проблеми би биле надминати.

„Знаејќи колку државата инвестирала во минатото за да испраќа свои службеници во дијаспората, односно каде што имаме заедници на иселениците, сепак мислиме дека ова ќе биде некој симболичен трошок кој што едноставно ќе заштеди во сите години кои доаѓаат или инвестираните пари кои се давале во минатото“ вели за Алфа, Гордан Јорданов – Директор на ОМД за Македонија и Европа..
Јорданов од Обединета македонска дијаспора велат дека со можноста граѓаните да гласаат од местото каде што живеат, без дополнителни патувања и административни пречки, несомнено ќе придонесе за поголема излезност на дијаспората.

„Ваков механизам дефинативно ќе ни помогне не само да ги консолидираме нашите државјани кои што се надвор од Македонија, туку и едноставно да се покаже волјата и расположението на самите власти во Македонија дека ваков тиш на конекција или поврзување со нашите иселеници е најголемата придобивка“ вели за Алфа, Гордан Јорданов – Директор на ОМД за Македонија и Европа.

Прашањето за онлајн гласање дијаспората го наметнало уште по спроведувањето на пописот онлајн во 2021 година. Кога македонските граѓани ширум светот се попишаа електронски, зошто не би можело и да гласаат електронски.

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top