Македонија

По 11 илјади километри во воздух за 72 часа Сиљановска-Давкова се сретна со Македонците во Даблин

По 11 илјади километри во воздух за три дена на два континенти на 3 различни дестинации македонската претседателка на прва средба со нашинците во Ирска

По три големи меѓународни настани и интензивно патување од над 11 илјади километри во воздух за само 72 часа, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Даблин се сретна со претставници на македонската заедница во Ирска.

По учеството на Парискиот мировен форум, Лидерскиот самит во рамки на COP31 во Анталија и Самитот на Европската политичка заедница во ирската престолнина, претседателката Сиљановска-Давкова одвои време за средба со Македонците кои живеат и работат во главниот град на Ирска, Даблин.

На средбата присутните членови на македонската дијаспора споделиле искуства од животот во Даблин и другите ирски градови а на претседателката и пренесле желби за посилна врска со татковината.

Претседателката објавува дека во Даблин се сретнала со македонски иселеници, луѓе со различни животни приказни, искуства и професионални патишта, но со заедничко чувство на припадност.

,,Во Ирска, земјата на Бернард Шо, потсетив на неговата мисла дека сѐ може да смените, може да ја смените идеологијата, облеката, поведението, но татковината никогаш!

Разговаравме за нивните искуства во Ирска, но и за она што можеме да го направиме за врската со татковината да не биде само емотивна, туку и институционална, образовна, културна и професионална.

Ме радува нивната подготвеност своето знаење и контакти да ги споделат со нас, оти дијаспората не треба да биде само набљудувач, туку наш активен партнер.

Од Даблин си заминувам со благодарност за средбата и со уверување дека кога имаме волја да да се разбираме и да соработуваме, далечината е премостлива”, се вели во објавата на претседателката.
Ова е прва средба на македонски највисок функционер со дијаспората во Ирска.

Со оваа средба, Сиљановска-Давкова уште еднаш ја потврди посветеноста на одржување блиски односи со македонската дијаспора низ светот, без разлика на оддалеченоста.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: „Алта банка“ немала забрана за работа во ЕУ

„Алта банка“ немала забрана за работење во Европската Унија туку случајот со нејзиниот удел во „Адико банка“ се однесува на суспензија на гласачките права поради ненавремено пријавување акционерски удел

To top