Македонија

Скандал со интерконекцијата со Албанија: Договорот раскинат оти бил за испумпување пари за ДУИ

ВЛЕН обвинува за испумпување пари за врвот на ДУИ

ДУИ денес не ги брани граѓаните, туку брани приватни интереси и сомнителни договори, преку кои со години се испумпуваа пари од граѓаните. Наместо да даде одговор зошто проектот за интерконекција со Албанија беше блокиран повеќе од половина деценија, ДУИ избира да напаѓа и да манипулира, обидувајќи се да го сокрие сопствениот неуспех и интересите што стојат зад него.

Според партијата Вреди, раскинувањето на договорот кој не се реализирал, но повлекол многу пари од џебот на граѓаните, е причина за паника во ДУИ. Тие биле корисници на испумпаните пари.

„Време е да се престане со навиката политиката да се користи за лично богатење на десетина фамилии од врвот на ДУИ. Нека викаат, нека паничат, нека се нервираат. Времето во кое тие станаа буржоазија на грбот на Албанците, заврши.

Османи: ВРЕДИ нема „тежина“ во Владата, Мицкоски ги носи одлуките

Јавноста има право да знае дека во овој проект, како подизведувач, во време на ДУИ, се појавуваа лица исклучиво блиски до врвот на ДУИ, меѓу кои и Нефи од Охрид, лично поврзан со Али Ахмети и Бујар Османи.

Нам ни е јасно дека преку фиктивни договори и нереализирани обврски се испумпувале пари на граѓаните кон фирми на ДУИ, кон фирми на блиски лица на Али Ахмети и Бујар Османи. Затоа е паниката голема.

Ние не се согласуваме со нови анекси од над 8 милиони евра, пари на граѓаните, кои ќе завршат во џебовите на Али Ахмети и Бујар Османи.

Фактите се јасни и непобитни. Компанијата која ДУИ денес ја брани, имаше реализација од едвај 4% во период од повеќе од 5 години. Наместо да гради, проектот беше целосно закочен, без активности на терен, додека паралелно се отвораа барања за дополнителни средства и анекси кои одеа до 50% од вредноста на договорот. Тоа не е реализација, тоа е систем на извлекување пари.

ДУИ денес зборува за штета, но ја премолчува вистинската штета која се создаваше со години. Државата плаќаше камати за кредит уште од 2015 година, без проектот да се реализира, а според анализите на МЕПСО, секоја година застој значи дополнителни милионски загуби.
Одлуката за раскинување на ваков договор не е донесена самоволно, туку по детална форензика и длабока анализа, и целосно во согласност со правилата на European Bank for Reconstruction and Development. Секој чекор и раскинувањето на договорот и новата постапка е направен со одобрение и под надзор на ЕБРД. Тоа е меѓународна институција која не дозволува политички импровизации, туку работи исклучиво врз основа на правила, процедури и факти.

Пред раскинувањето, по барање на МЕПСО е направена е детална форензика на сите аспекти од договорот со насоки за постапување, како дел од проект на УСАИД.

Обидот на ДУИ да ја претстави постапката пред DAB како конечна пресуда е груба манипулација. Станува збор за предарбитражен механизам, кој не претставува правосилна одлука и каде државата има целосно право да ги искористи сите правни средства.

Во меѓувреме, новиот тендер го добива конзорциум предводен од Dalekovod d.d., компанија од групацијата KONČAR Group, со искуство во десетици европски држави и работа со најстрогите стандарди.

ДУИ ја плаши тоа што конечно се гледа дека се гради. Проектот кој тие го држеа „мртов“ со години, денес се движи и ќе биде реализиран. ДУИ не изгради ниту едно сериозно инфраструктурно или енергетско поврзување со Албанија или Косово. Сите проекти беа блокирани, одложувани и закочени.

Затоа нивната денешна реакција не е загриженост за граѓаните, туку паника од тоа што се менува реалноста. ДУИ се дели и распаѓа, додека Вреди се обединува и расте. ДУИ може да лаже и да инсинуира колку сака. Но вистината е една. Тие не градеа, тие испумпуваа пари за себе. Вреди гради и ќе продолжи да гради“ – се вели во соопштението на партијата.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски во Берлин на собир на ,,Коалицијата на волните”

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир

АмЧам: Реформите, иновациите и меѓународните стандарди предуслов за подобра здравствена заштита

Американската стопанска комора во Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.

Велјановски до опозицијата: Не може да се заборави како ја пљачкавте државата

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, но и со зајакнување на здравствената и социјалната заштита на граѓаните.

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во Македонија

Законот за сезонски работници што е во сила од 1 јануари 2026 година, сѐ уште не ги дава очекуваните резултати, но ова не е закон направен за една година. Затоа организираме информативни средби и настани со помош на медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите – за да ги анимираме луѓето дека пензионери, студенти, оние кои сакаат дополнително да работат и сите категории невработени лица можат да го искористат, без притоа да го изгубат стекнатиот статус, да имаат комплетно пензиско и здравствено осигурување, фер ангажман, платен работен час колку што се ангажирани дополнително и со тоа да остварат дополнителни приходи – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Општина Охрид ги засилува активностите за затворање на депонијата „Буково“ и воспоставување нов систем за комуналниот отпад

Завршена е постапката за избор на проектант за изработка на техничката документација за затворање на нестандардната депонија „Буково“, а во тек се и активностите за изградба на претоварна станица кај Мауцкер и собирен центар во Охрид. Претоварните станици и Регионалниот центар за управување со отпад во Новаци се очекува да бидат функционални во 2030 година. Ова беше истакнато на денешната средба во Општина Охрид, посветена на новиот Регионален план за управување со отпад и воспоставувањето интегриран систем за Југозападниот и Пелагонискиот плански регион.

To top