Македонија Бизнис

Скопјани ќе добијат воз за приградските населби

Очекувам за многу скоро време скопјани и жителите на приградските населби околу Скопје да можат да го користат „Градскиот воз“ во Скопје, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по увидот на градежните активности на проектот изградба на детска градинка во населено место Инџиково, во Општина Гази Баба. Според него, се работи за квалитетен проект на Министерството за […]

Очекувам за многу скоро време скопјани и жителите на приградските населби околу Скопје да можат да го користат „Градскиот воз“ во Скопје, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по увидот на градежните активности на проектот изградба на детска градинка во населено место Инџиково, во Општина Гази Баба. Според него, се работи за квалитетен проект на Министерството за транспорт којшто претставува чекор напред кон реформа во системот.
  • Тоа е уште еден чекор напред кон реформа во системот, реформа во секоја област, за жал, многу треба да се реформира, всушност, не многу, туку сѐ треба да се реформира. Државата не беше на колена, туку комплетно потоната и не постоеше систем. Сега врз основа на приоритетите и алатките со кои располагаме една по една ги решаваме работите и една година потоа состојбата е драматично поразлична споредено со една година претходно, рече Мицкоски.
Вели Македонија минатата година немала ниту една функционална карго локомотива, со што повеќе од 1.000 вагони кои требало да бидат испорачани во средна Европа биле заглавени на пристаниште во Солун.
  • Денеска зборуваме за градски воз, за пруга, Коридор 8, Коридор 10, модернизација, а пред една година немавме ниту една функционална карго локомотива и повеќе од 1.000 вагони кои што чекаа да бидат испорачни во средна Европа, за жал, беа вкотвени на пристаништето кај нашиот јужен сосед, во градот Солун или дел од нив мораа да бараат други рути за да ја избегнат Македонија, бидејќи немаше со која локомотива истите тие да бидат превезени. Таква беше состојбата, авиони за гасење пожар приземјени, бидејќи немаше сервис, локомитиви немаше, патнички возови немаше, неисплатени плати во ЈП Македонски шуми, Водостопанство и така натаму, вели премиерот.
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски минатата недела изјави дека очекува првата линија на „Градскиот воз”  Зелениково – Драчево – Кисела Вода – Аеродром – Центар (Нова железничка станица) да биде во функција до крајот на годинава. Се работи, како што рече за голема инвестиција од  педесетина милиони евра за сите три предвидени градски линии.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Од историска касарна до најдобра зелена библиотека во светот: „Рами“ во Истанбул го освои првото место на наградите на IFLA

Најголемата библиотека во Истанбул, „Рами“, го освои првото место во категоријата „Проект од големи размери“ на наградите „Green Library Awards 2026“

Димитриеска-Кочоска: Старите долгови мора да се враќаат – речиси 1,5 милијарди евра доспеваат во 2027 година

Новата еврообврзница, чие издавање е планирано во 2027 година, е дел од навременото обезбедување пари финансирање на обврските на државата, меѓу кои и отплатата на значителен износ на стари долгови што достасуваат следната година, а земени од претходната Влада. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата на опозицијата за ново задолжување на Владата од 1,3 милијарди евра.

На патот Охрид-Кичево синоќа загина кошаркарскиот тренер Антонио Савески (33) од Охрид, откако возилото му удрило во кучиња и се запалило

Тешка сообраќајна несреќа изминатата ноќ, што се случи на автопатот Охрид-Кичево, заврши со трагичен исход: животот го загуби 33-годишниот Антонио Савески од Охрид, тренер во младинската школа на кошаркарскиот клуб „Ангели“.

Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8

Министерот за здравство, Сашо Клековски одржа прес конференција со директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Амир Елези, на која информираа дека се обезбедени 1.2 милиони единици фактор 8 за хемофилија, во вредност околу 500.000 долари.

To top