Македонија

Славјанка Петровска со преписка до раководството: Ви реков мора да се менуваме, инаку ќе исчезнеме

Изборите за лидер беа нестатутарни, моите предлози за ветинг игнорирани

Моето учество во „Разговорите за Македонија во 12.05“ не е против СДСМ, туку за СДСМ. Затоа што јас сум социјалдемократ и по убедување и по дејствување – пишува поранешната министерка за одбрана и претседавачка на Централниот одбор на СДСМ Славјанка Петровска во објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Во објавата Петровска вели дека примила многу телефонски повици со поддршка, прашања, но и со критики за нејзиното учество во иницијативата „Разговори за Македонија во 12.05“.

Петровска потсетува дека е членка на СДСМ од 2000 година и дека повеќе од две децении активно учествувала во партиските активности, изборни кампањи и политички процеси. Истакнува дека останала во партијата и во периодите кога СДСМ бележел изборни порази, како и во, како што наведува, најтешките моменти за партијата.

Петровска посочува дека била дел од протестите, политичките активности во периодот на објавувањето на „Вистината за Македонија“, како и од настаните поврзани со промените по 2017 година. Таа наведува дека своите државни функции – дополнителен заменик-министер за внатрешни работи, пратеничка и министерка за одбрана – ги прифатила во период кога партијата се соочувала со сериозни политички предизвици.

Осврнувајќи се на внатрепартиските случувања, Петровска потсетува дека во 2024 година се кандидирала за претседател на СДСМ со програмата „Манифест за социјалдемократијата“, но ја повлекла кандидатурата поради, како што наведува, кршење на принципите и правилата во изборниот процес.

Таа додава дека во изминатиот период предложила ветинг на пратениците и партиското раководство, како и измени на Статутот со цел поголема моќ на одлучување да добие членството, но, според неа, за тие предлози немало одговор.

Ваквиот статус на Петровска доаѓа по денешната реакција на партиската портпаролка Кузевска која напиша дека најболно било тоа што сопките не доаѓале од власта, туку одвнатре. Претходно, Игро Ивановски поранешниот партиски фуннкционер рече дека Венко Филипче не е за лидер на СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top